ONDELIOS : ЕКОЛОШКО ПАТУВАЊЕ НА ДОЛГИ ПАТЕКИ
По повод саемот за автомобили во Париз, Renault го најави својот концептуален автомобил од висока класа, Ondelios. Наменет за љубителите на долги патувања кои сакаат удбност и префинетост, Ondelios претставува симбол на визијата на Renault за crossover од висока класа: уживање во удобно возење со грижа за заштита на околината. Олицетворението на оваа визија се гледа во неговиот етеричен дизајн, внатрешното уредување и оригиналниот хибриден мотор.
Профилиран дизајн: повик на патување
4,80 метри долг и 1,60 метри висок, Ondelios има аеродинамични карактеристики инспирирани од светот на авијацијата: само 0,29 Cx. Ова возило за долги возења има аеродинамичен и профилиран изглед. Воодушевува со флуидни линии и се чини дека лизга низ воздухот. Ondelios е олицетворение на визијата на Renault за возило од висока класа.
„Инспириран повеќе од движењето отколку од брзината, Ondelios е нов одговор на повикот за патување“ - објаснува Патрик Ле Квемент, директор на Дизајн Renault.
Поврзани со решетката за добивање воздух во боја на алуминиум, светлата исто така сугерираат флуидност и движење. Светлата функционираат со помош на електролуминисцентни диоди со висока ефикасност и затоа траат подолго.
Уште една одлика на аеродинамичноста на Ondelios се задните светла во облик на бумеранг, вградени во каросеријата и опкружени со екстрактори на воздухот за контрола на протокот на воздухот од внатрешните калници.
Стаклената структура на покривот го нагласува етеричниот изглед на возилото и овозможува природно осветлување на кабината. Косото ветробранско стакло се шири према капакот на моторот и уште повеќе го нагласува чувството на етеричност.
„Се чини како да е направен од еден материјал, при што каросеријата и застаклената површина се спојуваат во едно. Ondelios претставува автомобил од блиската иднина.“ додава Патрик Ле Квемент.
Страничните врати од типот пеперутка придонесуваат за елегантниот стил на автомобилот. Вратите, исто така во голем дел од стакло, се подигаат вертикално, додека облогата на прагот се спушта за да биде полесен пристапот кон возилото.
Темно плава антрацит боја на каросеријата совршено е во склад со бојата на застаклените површини, што го прави возилото да изгледа како да е направено од еден дел и од една боја.
Горниот дел од задните врати ја повтрдува аеродинамичноста на концептуалното возило. Задниот профилиран визир лизга во внатрешноста на возилото за да овозможи проветрување на кабината.
Поставен на алуминиумски фелни со седум крака од 23 инча, Ondelios го потврдува својот профилиран стил. Дизајнот на фелните во вид на пропелер овозможува насочување на воздухот према страничните делови на шасијата за да се спречи турбуленцијата. Овој концепт на тркала е можен поради вгардување на периферни диск сопирачки.
Гумите Michelin Pilot Sport (255/45) со голем дијаметар, со префинет страничен дизајн, гарантираат добра аеродинамика и со делот за намалување на деформациите на површината, придонесуваат за намалување на отпорот во движењето на возилото. Профилот има ефикасни активни проточни канали кои, заедно со широката напречна бразда која помага во течењето на водата, го нагласува изгледот на многу квалитетна и технолошки напредна гума.
Удобност на бизнис класата за долго патување
Ondelios открива елегантна внатрешност во склад со повикот на патување што го сугерира неговиот надворешен изглед. Како прво, Ondelios нуди голем внатрешен простор. Концептуалното возило е опремено со три реда седишта во кои може да се сместат шест возрасни лица. Овие етерични фотелји со истакнати монтажни елементи даваат впечаток на лебдење. Потсетуваат на авионски седишта со својата посебна кинематика: нивниот електрично подесив наслон се движи во положба на „голем комфор“ како во бизнис класата, а патниците можат, доколку сакаат, да си извлечат и потпора за нозете. Иако нивниот тенок облик укажува на леснотија, нивниот дизајн е сличен на големите фотелји во кои патникот може удобно да се смести и да ужива во патувањето. Висината на седиштето им овозможува на патниците пријатна комуникација.
Во однос на класичното отворање на вратите, вратите на Ondelios се прицврстени за покривот, што го прави едноставен пристапот до кабината. Вториот ред седишта едноставно се поместуваат и преклопуваат за да се олесни пристапот до третиот ред седишта. Покрај удобното седење, кабината пружа и префинета атмосфера. Материјалите се инспирирани од модерниот дизајн на ентериерите и даваат впечаток на седење во салон со тркала. Се комбинираат меки и пријатни структури како светло сива кожа и ткаенина, како на арматурната плоча, седиштата и облогите на вратите. На наслоните на седиштата се прелеваат од окер до виолетова боја, што уште повеќе ја нагласува сигурноста и удобноста на седиштата.
Внатрешноста е опремена со модерни и интуитувни елементи. Различните команди во согласност со пристапот на Renault, Touch Design, гарантираат едноставна ергономија.
Арматурната плоча ја повторува надворешната аеродинамичност преку големи, чисти површини и флуидни линии. Нагласена е со голема висечка преграда заштитена со осветлено куќиште. Едноставно и удобно користење на сите функционални површини на арматурната плоча е доста видливо:
- активен приказ на информациите за помош при возењето,
- екран на дното од ветробранското стакло прикажува различни содржини, како и слики од камерите на надворешните ретровизори,
- три големи траки зад управувачот ги прикажуваат информациите за возењето, бројот на вртежите и информации за функционирањето на хибридниот мотор,
- дигитален брзиномер.
Технологиите со кои е опремен Ondelios придонесуваат кон индивидуална и заедничка удобност на патниците. Секој патник (вклучувајќи ги и оние во третиот ред седишта) има сопствен, интерактивен преносен мултимедијален екран Samsung, кој може да се користи за размена на податоци или играње игри со другите патници. Звучниците исто така се интегрирани во наслоните за глава. Повеќезонските команди на клима уредот нудат можност за индивидуално подесување на температурата.
Промислениот дизајн на Ondelios го олеснува сместувањето на возачот. Мобилниот телефон Samsung, кој функционира и како hands-free картичка за отклучување на вратата, ги препознава корисниците и ги вчитува сите лични параметри (подесување на седиштата, музиката итн.). Автомобилот на крајот додава и пријателски „поздрав“ во облик на лого кој свети кога ќе го препознае возачот.
Еколошки свесно патување
Покрај големото внимание кое е посветено на аеродинамичноста, во дизајнот на Ondelios се водело сметка за заштита на околината. Некои елементи на структурата на Ondelios се направени од природни ленени влакна за поголема можност за рециклирање. Земајќи ја предвид обврската возилата да бидат што полесни, каросеријата е од јаглерод, а стаклата се од поликарбонати.
Ondelios е опремен со хибриден мотор кој, во посилната верзија, комбинира мотор од 205 KS (150 kW) 2.0l dCi со два електрични мотора напред и назад. Овие електрични мотори од 20 kW секој, работат со благо хибриден начин и му даваат на моторот дополнителен поттик кога тоа е потребно. Тие ја користат технологијата «brake & boost» за собирање енергија во текот на сопирањето која ја пренесуваат во моторот за поголемо забрзување. Моторот сместен во предниот дел од возилото исто така користи технологија за заштеда на гориво од типот „Стоп и Старт“
Електричниот мотор сместен на задниот мост управува со задните тркала во случај сензорите на ESP да откријат губење на моториката и така му даваат на Ondelios капацитет на возило со погон 4х4. Возилото е опремено со литиум-јонска батерија која може да развие сила до 4kW/h.
Со вртежен момент од 450 Nm помеѓу 1700 и 3800 вртежи во минута, дизел моторот нуди удобност и флексибилност во сите степени на пренос во долгите патувања. Моторот 2.0 l dCi му овозможува на Ondelios забрзување од 0 до 100 km/h за само 7,8 секунди. Во комбинација со автоматскиот менувач со двојно квачило и 7 брзини, овој мотор овозможува исклучително уживање во возењето со потрошувачка од само 4,5 l/100 km и многу ниски емисии на CO2 од 120 g CO2 / km за возило од висока класа.
Каросеријата, дизајнот на шасијата и хибридната моторизација заедно и одлучно придонесуваат за заштита на околината.
Оndelios е аеродинамичен crossover кој повикува на патување и кој е роден за отворен пат. Тој е доказ дека грижата за патниците и околината во целост се компатибилни. Со овој концептуален автомобил Renault ја прикажува својата визија за возило од висока класа од блиската иднина.
Димензии
Должина (mm) |
4805 |
Ширина (mm) |
1998 |
Висина (mm) |
1605 |
Висина со отворени врати (mm) |
2230 |
Растојание помеѓу вратила (mm) |
2895 |
Предно растојание меѓу тркалата (mm) |
1690 |
Задно растојание меѓу тркалата (mm) |
1720 |
Тежина на празното возило (kg) |
1452 |
Багажник (dm3 VDA) |
530 |
Технички податоци
Мотор со внатрешно согорување |
2.0 l dCi |
Јачина u KS (kW) |
205 (150) |
Најголем вртежен момент (Nm) |
450 / 1700 на 3800 врт/mн |
Електрични мотори |
1 motor napred i 1 nazad, svaki od 20 kW |
Акумулатор |
Litijum-jonska, kapacitet 4kWh, zapremina 40 dm3, masa 50kg |
Забрзување од 0 до 100 km/h во секунди |
7,8 |
Емисија на CO2, потрошувачка на гориво во комбинирано возење |
120 g/km, 4,5 l/100 km |
Пренос |
Automatski menjač sa dvostrukim kvačilom i 7 brzina |
Погон |
Unutrašnje sagorevanje i електричен pogon |
Гуми |
255/40 ZR23 |
Фелни |
prečnik 23" / širina 9" |
Партнери
G Студио |
Каросеријата |
Michelin |
Гуми |
Samsung |
Telefon za komunikaciju s vozilom |
Mgs par Matérialise |
Sintetički delovi |

Посетете не’ на Facebook