За нас

Новости

НОВИОТ RENAULT GRAND SCÉNIC: 12 МОДЕЛ ВО АСОРТИМАНОТ НА ВОЗИЛАТА КОИ ОСВОИЛЕ 5 ЅВЕЗДИЧКИ НА ТЕСТОВИТЕ EuroNCAP

 

 

Новиот Grand Scénic е 12 модел во асортиманот на возилата Renault кој освоил максимални 5 ѕвезди во тестовите за испитување безбедност на EuroNCAP и покрај построгите критериуми за оценување на независната организација од почетокот на 2009 година (странични удари, удари од задна страна, заштита на децата, заштита на возрасните и на пешацита, опрема).

 

 

 

Развиен за да послужи како пример во поглед на активна и пасивна сигурност, Новиот Grand Scénic, како и останатите возила од семејството Mégan, ја има следнава опрема:

- двојни сензори во случај на страничен удар, иновација воведена на Laguna III ,

- 6 воздушни перничиња вклучувајќи 2 воздушни перничиња за заштита на градниот кош/карлицата со две комори,

- систем за заштита на Renault што обединува двојни затегачи, граничник за затезна сила и прилагодливи предни двоволуменски воздушни перници со две пиротехнички полнења,

- наслони за глава од новата генерација.

Опремен е и со системите ABS и AFU (систем за помош при нагло сопирање) во серија и, во зависност од верзијата, со системот ESC (електронска контрола на стабилноста) со дополнителна функција за контрола на подуправувањето (CSV).

Како и за целиот асортиман на возила, постапката на Renault се темели на реалната сигурност, а дава предност на најефикасните технологии за да се „спречи, исправи и заштити“ како и на зголемената свесност за безбедност на учесниците во сообраќајот.

 

Единствениот производител на автомобили кој 12 пати освоил максимални 5 ѕвезди,,Renault определи дека сигурноста му е приоритет. Структурата со програмирано деформирање на Новиот Grand Scénic ја апсорбира енергијата во случај на судир за најдобро да се сочува кабината и животот на патниците. Материјали и челик со висок, многу висок, дури исклучително висок степен на еластичност, обезбедуваат максимална способност за апсорпција и разнасување на кинетичката енергија. Споменатата општа контрола на деформациите овозможува намалување на забавувањето кое го чувствуваат патниците и заедно со системот за заштита на Renault од 3. генерација (SRP3), гарантира високо ниво на заштита.

 

Системот SRP3 на Новиот Grand Scénic ја зема предвид силината на ударот и градбата на телото на патникот. Комбинира двојни затегачи на појасите на предните седишта (кои го ограничуваат поместувањето на телото нанапред, затегнувајќи го појасот на ниво на градниот кош и карлицата), граничниците на затезната сила на сите седишта (кои го намалуваат притисокот на сигурносните појаси на градниот кош) и прилагодливи двоволуменски воздушни перници со две пиротехнички полнења (кои се пумпаат до определено ниво и го амортизираат ударот). Засилената структура на седиштата, заедно со системот SRP3, обезбедува најдобра можна заштита од лизгање.. Се работи за лизгањето на карлицата под долниот дел на сигурносниот појас, што може да доведе до сериозни повреди на абдоменот во случај на судир.

 

Како голема причина за смртност во градски средини (1/3 од несреќите), страничниот удар посебно се проучувал како би се постигнале оптимални резултати. Двојните сензори во случај на страничпен удар,, воведени во Lagunа III, овозможуваат двојно пократко време за активирање на страничните воздушни перничиња. Заедно со новата генерација на погусти воздушни завеси, оваа иновација овозможува подобрена заштита на главите на патниците за 30%. Дополнителна предност на тој систем, притисок на воздушните перничиња за заштита на градниот кош/карлицата си двојна комора, три пати е посилен во пределот на карлицата, која е посложена и поиздржлива, во однос на пределот на градниот кош.

 

Новите наслони за глава на семејството Mégan, чиишто држачи лизгаат во самиот наслон за главата, а не во горниот дел на наслонот на седиштето, овозможуваат подобра заштита на вратните пршлени во случај на удар од задниот дел. Тие веќе не претставуваат крут дел од наслонот на седиштето. Заоблениот облик на седиштето, без арматура, му овозможува на патникот со грб да навлезе во седиштето (поместување од 60 mm) во случај на удар и да го намали движењето на главата/градниот кош.

 

Предниот дел на новиот Grand Scénic исто така доби нови технички решенија за подобрување на заштитата на пешаците во случај на судир. Браникот претрпе измени во поглед на крутоста и дебелината за заштита на нозете (во ниво на потколениците и колената) како и капак на моторот и неговото опкружување (калници, споеви на капакот на моторот, дизајн на облогата на капакот од моторот).

 

Сигурноста на децата посебно се проучува. Renault и посветува специфични истражувања кои бараат иста посветеност како и усовршувањето на системите за сигурност на возрасните патници. Новиот Grand Scénic нуди степен на заштита за децата кој е меѓу најдобрите на пазарот. Isofix систем на сите три седишта во 2. ред овозможуваат едноставно и сигурно поставување на детските седишта и прицврстувањето Isofix.

 

Новиот Grand Scénic исто така е опремен со различна опрема која му помага на возачот во предвидување на опасностите на патот::

 

- систем за контрола на притисокот во гумите,

- нов ограничувач - регулатор на брзината со осветлен екран, што во исто време е функционален и интуитивен, а овозможува и подобра прегледност и поголема сигурност,

- автоматско палење на светлата,

- автоматско движење на бришачите на стаклата.

Неговите двојни ксенонски светла со насочување на кратките светла во свијоци, во зависност од аголот на управувачот, придонесуваат за сигурност во ноќно возење, со подобра перцепција на патот и подобро странично осветлување.

 

Во поглед на активна сигурност, Новиот Grand Scénic е опремен со ABS со електронски разделник на силата на сопирањето, како и со системот AFU (помош при нагло споирање) во серија. На тие системи им се придружува, во зависност од верзијата ESC (електронска контрола на стабилноста) со функција за контрола на подуправувањето (CSV) за ефикасно соочување со ситуации на отежнати услови за возење или нагло сопирање.

 

Новиот Grand Scénic може да се истакне со иста опрема како и останатиот дел од семејството Mégane, а особено неговиот помлад брат Новиот Scénic, кој нуди еднакво ниво на заштита за сите патници.

 

Renault и сигурност: глобален пристап кој се темели на 4 одредби

Renault ја заснова својата постапка на акцидентологијата и реалната сигурност како би понудил производи прилагодени на реалните ситуации на патот, што значи дека се дава приоритет на најефикасните технологии за да се спречи секоја опасност од несреќа, исправување неочекуваните ситуации во возењето и заштита на патниците во случај на судир. Renault во текот на годините се наметна како референца во поглед на автомобилска сигурност, а за тоа сведочат и постигнатите резултати:

 

Новиот Grand Scénic

 5 ѕвездички (2009)

Новиот Mégane

 5 ѕвездички(2008), najbolja ocena ikada postignuta u pogledu zaštite odraslih (37/37)

Koleos

 5 ѕвездички (2008)

Новата Laguna

 5 ѕвездички (2007)

Clio III

 5 ѕвездички (2005)

Mégane II Coupé Cabriolet

 5 ѕвездички (2004), prvo vozila sa 5 zvezdica u klasi

Modus

 5 ѕвездички (2004), prvo vozila sa 5 zvezdica u klasi

Scénic II

 5 ѕвездички (2003), prvo vozila sa 5 zvezdica u segmentu kompaktnih monovolumena

Espace IV

 5 ѕвездички (2003)

Mégane II

 5 ѕвездички(2002), prvo vozila sa 5 zvezdica u segmentu M1

Vel Satis

 5 ѕвездички (2002 i 2005)

Laguna II

 5 ѕвездички (2001 i 2003), prvo vozilo u istoriji s tim nivoom sigurnosti

Резултатите од EuroNCAP за асортиманот на возилата на Renault:

единствен производител кој 12 пати доби највисока оценка

 

Меѓутоа, постапката на Renault ги надминува самите технички аспекти. Зголемување на совеста за безбедноста на учесниците во сообраќајот исто така е еден од приоритете за Групата.

 

Renault, компанија во чие средиште е човекот, се ангажира во програмите за образување и едукација по пат на бројни акции, како на национално, така и на меѓународно ниво, за да се подобри однесувањето на учесниците во сообраќајот:

 

(меѓународен програм „Сигурност за сите“- www.securite-pour-tous.com, Global Road Safety Initiative).