За нас

Новости

НОВИОТ RENAULT GRAND SCÉNIC:
12. 12 МОДЕЛ ВО АСОРТИМАНОТ НА ВОЗИЛАТА КОИ ОСВОИЛЕ 5 ЅВЕЗДИЧКИ НА ТЕСТОВИТЕ EuroNCAP

 

Новиот Grand Scénic е 12 модел во асортиманот на возилата Renault кој освоил максимални 5 ѕвезди во тестовите за испитување безбедност на EuroNCAP и покрај построгите критериуми за оценување на независната организација од почетокот на 2009 година (странични удари, удари од задна страна, заштита на децата, заштита на возрасните и на пешацита, опрема).

 

Повеќе

НОВИОТ RENAULT CLIO - НОВА МЕРКА

 

  • Новиот Renault Clio отвора ново поглавје во својата богата историја, која започна во 1990 година. Успехот на ова возило продолжува...

 

Повеќе

НОВИОТ RENAULT MÉGANE СО 5 ЅВЕЗДИЧКИ EuroNCAP,

НАЈСИГУРЕН АВТОМОБИЛ ВО СИТЕ КАТЕГОРИИ

 

Со резултат од 37 бодови од можни 37 на тестирањата за судири на EuroNCAP, Новиот Renault Mégane е најсигурен автомобил во сите категории заедно. Се работи за единаесеттиот модел на серијата Renault кој добил наголема оценка: 5 EuroNCAP ѕвезди. Сигурноста е во гените на Новиот Mégane...


Повеќе

RENAULT KOLEOS ОСВОЈУВА 5 EURONCAP ЅВЕЗДИ

 

Renault Koleos е десеттиот модел на Renault кој освоил максимални пет ѕвезди во тестирањата за судири на EuroNCAP. Овој резултат ја потврдува исклучителната ефикасност на опремата за активна и пасивна сигурност во возилото. Патниците се безбедни во Koleos како во градско возење, така и на автопат или во теренско возење, благодарение на системот погон на четири тркала развиен во рамките на сојузот Renault - Nissan. Овој систем придонесува за активна сигурност со исправување на загубите со распределба на вртежниот момент помеѓу предното и задното вратило пред активирањето на електронската контрола на стабилност..

Пристапот на Renault кон сите возила се заснова на реалната сигурност. Марката се фокусира на развојот на најефикасни технологии за „запирање, исправување и заштита“ како и за зголемување на свеста за безбедноста на возачот и патниците.

 

Повеќе

НОВИОТ RENAULT MÉGANE - ЗАВОДЛИВА, ИНТУИТИВНА И СИГУРНА BERLINA

 

Линиите на Новиот Renault Mégan се резултат на желбите за производство на автомобили впечатливи на прв поглед. Неговиот динамичен, елегантен стил е инспириран од страста поврзана со автомобилите, вклучувајќи ги и влијанијата од светот на спортот. Новиот Renault Mégan е габаритен, со силен акцент на обликот и завршниот изглед на каросеријата, како и на материјалите што се користат. Новиот модел исто така го искористи напредокот во областа на сигурноста и трајноста во целиот асортиман на Renault.

 

Повеќе

ONDELIOS : ЕКОЛО&Сcaron;KO ПАТУВАЊЕ НА ДОЛГИ ПАТЕКИ

 

По повод саемот за автомобили во Париз, Renault го најави својот концептуален автомобил од висока класа, Ondelios. Наменет за љубителите на долги патувања кои сакаат удбност и префинетост, Ondelios претставува симбол на визијата на Renault за crossover од висока класа: уживање во удобно возење со грижа за заштита на околината. Олицетворението на оваа визија се гледа во неговиот етеричен дизајн, внатрешното уредување и оригиналниот хибриден мотор.

 

Повеќе

Koleos, првиот Renaultov crossover со погон 4x4


Renault со задоволство ви го претставува Koleos, својот прв crossover. Иделаен за бегство од секојдневната рутина, Renault Koleos е удобен автомобил, едноставен за возење, со вистински теренски способности. Покрај тоа, осмислен е да биде сестран, така што во теренски услови се однесува исто така сигурно како на градските сообраќајници, на отворен пат или на автопат, а во исто време нуди ист стандард на удобност што би го очекувале во една лимузина, како и пространост како онаа во компактен MPV. Бидејќи е осмислен во Renault, развиен во Nissan, а се произведува во фабриката Бусан на Renault Samsung Motors во Кореја, Renault Koleos е плод на исклучително блиската соработка на тимовите од секоја од тие марки на Алијансата Renault-Nissan.

Премиерата на Koleos е пресуден момент во развојот на марката, не само во Европа туку и низ целиот свет. Излегувањето на првиот crossover со погон на четири тркала е јасен показател дека Renault има капацитет за независен и целосно свеж пристап кон сегментите во кои традиционално не бил присутен. Renault Koleos нуди единствен стандард на сигурност и удобност, обележје кое прераснало во препознатлива, очигледна, а во исто време и исклучително достапна карактеристика на Renault.

 

Повеќе