Со премиерата на Koleos Renault го подигна велот од својот прв crossover со интегрален погон, автомобил осмислен за бегство од секојдневието, кој обединува ефектна шасија со погон на сите тркала, динамички контури на лимузина и пространост на MPV. Renault се погрижи Koleos да ги наследи сите потребни гени кои на патниците ќе им гарантираат првокласно патување и лесна употреба на новото возило. Седиштето и суспенцијата нудат висок стандард на удобност, возачот има исклучителна прегледност благодарение на ниско поставената инструмент табла, а вратата од два дела на багажникот во голема мера го олеснуваат товарењето.
Надворешен изглед
- Renault Koleos, crossover кој ќе ве освои
Иако возилата со интегрален погон често се врзуваат со несмасност и се сметаат тешки за возење, меѓу главните обележја на Koleos се брзината и леснотијата со која возачите можат да се привикнат на новото управување. Koleos е 4,52 м долг и 1,85 м широк и тие компактни димензии му овозможуваат со иста леснотија да се носи со градскиот сообраќај и со непознатиот теренот. Навистина, и покрај некои стилски обележја од светот на теренските возила, Renault Koleos crossover успешно ги спојува динамичниот и урамнотежениот дизајн. Во исто време, покрај теренските обележја како голема раздалеченост од тлото и плоча за заштита на подвозјето, впечатокот на робустноста што го дава Koleos влева сигурност.
Внатрешност
Многу лесно можете да се привикнете на кабината. Практичниот дизајн на инструмент таблата и логиката на едноставен меѓусебен однос со возачот, овозможува брзо запознавање со различни команди, а командите на навигацијата, аудио системите, греењето и клима уредот се осмислени за интиутивна употреба. Командите на навигацискиот систем, системот за телефонирање со слободни раце, аудио системите и автоматската паркирна сопирачка се сместени на управувачот или на дофат на возачот.
Информациите од навигацискиот систем и аудио системот се прикажуваат на средниот екран на горниот дел од инструмент таблата за да може лесно да ги прочита возачот и патниците.
Изобилство опрема чијашто цел е возењето да го направи што е можно побезгрижно, е една од причините зошто Koleos толку лесно се вклопи во семејството Renault. Во неа спаѓаат „hands-free“ картичка за влегување во автомобилот и стартување на моторот без клуч, автоматско вклучување на предните светла и на бришачот, систем за контрола на притисок во гумите, патен компјутер и ограничување на брзината. Командите на електричните прозорци, електричните надворешни ретровизори и централното заклучување се сместени на вратата на возачот..
Просторот на возачот е прилагоден за лесно и удобно возење. Големо внимание било посветено на тоа Renault Koleos да понуди најдобра видливост и прегледност на предниот дел во класата, како и задните агли на видливост да бидат меѓу најголемите.
Положбата на возачот може да се прилагодува благодарение на седиштето што се подесува и на управувачот што се прилагодува по висина и длабочина.
Динамички својства
Штом ќе седне зад управувачот на Koleos, возачот чувствува дека има контрола наад автомобилот. Серво управувачот е точен, прогресивен и верно ги пренесува информациите од патот. И покрај поголемото растојание од земјата, со возилото Koleos се управува како со лимузина благодарение на шасијата која е осмислена за оптимален однос помеѓу удобноста и управувањето, кои инаку се со многу висок стандард. Посебно внимание било посветено на перформасните во свијоците за да се контролира наклонувањето, чест проблем кај таков вид на возила.
- Сестраност: водечка мисла
Подвозје
Renault Koleos е crossover чиишто корени може да се најдат во светот на лимузините, како и меѓу MPV и теренските возила. Успешно ги обединува најдобрите карактеристики на тие три категории, така што е исклучително сестран и гарантира уживање во возењето на сите видови патишта. Во градските подрачја, на автопат, како и надвор од асфалтот, шасијата на Koleos дава чувство на вистинска сигурност и контрола.
Предната суспензија MacPherson е споена со задната независна суспензија, позната од новиот X-Trail. Таквата поврзаност гарантира удобност и одржување на насоката. Амортизерите и пружините се прилагодени според димензиите на Koleos и придонесуваат за посакуваната рамнотежа помеѓу удобноста и капацитетот на управување. Растојанието од земјата од 206 mm (дизел варијанта: 188 mm), влезен и излезен агол од 27º, односно 31º дополнително ги отсликуваат теренските способности на Koleos.
Погон на сите тркала
Koleos е прв модел на Renault кој уште од самиот почеток е достапен со интегрален погон. Распределба на вртежниот момент се пресметува автоматски во функција на достапното приспособување. Во нормални услови моментот се испорачува само на предните тркала. Ако ослаби приспособувањето на подлогата, до 50 проценти од вртежниот момент се пренесува на задните тркала. За распределбата е задолжена електронската спојка, а ја надгледува последната генерација на системот "All mode 4x4-I", систем на Nissan, кој е развиен за новиот X-Trail.
Тој систем, осмислен да обезбеди оптимално приспособување на сите подлоги, не е познат само по својата ефикасност туку и придонесува за исклучителните теренски способности на Koleos. „Koleos се гордее со таква теренската способност со каква не може да се пофали ниту еден друг Renault уште од времето на „марнски такси“ во Првата светска воја“, истакнува Стивен Норман, директор за маркетинг на Renault.
Тој систем на управување со интегрален погон придонесува и за активната сигурност на возилото. Штом ќе регистрира и најмало предуправување или подуправување, веднаш го прераспределува вртежниот момент, дури и пред евентуалната реакција на ESP. Кога приспособувањето е најпотребно, на пример на снег, кал, земја или песок, со еден прекинувач на инструмент таблата, возачот може да го заклучи преносот електронски во интегрален начин на работа. Исто така, по желба на возачот, системот на пренос може да работи само како погон на две тркала.
Renault Koleos е опремен со систем за помош при движење по нагорница, што може да биде особено корисно во секојдневното возење. Тој систем автоматски се вклучува на наклони поголеми од десет проценти за да го спречи лизгањето на возилото по нагорнината. Исто така ја исклучува потребата за брзо префрлување на стапалата меѓу педалот за сопирање и за гас, што е вообичаено кај поголемиот дел од возилата.
Исто така, поради уште поголема сигурност во теренското возење, Renault Koleos е опремен со систем за помош при спуштање по надолница. На надолници со наклон над десет проценти, системот автоматски ја ограничува брзината на најмногу 7 km/h, па нема потреба од сопирање. Системот дејствува и при возење наназад, а се вклучува со копчето на средниот дел од инструмент таблата.
Навигацискиот систем на Koleos има многу теренски функции, вклучувајќи висинометар и барометар. На екранот истовремено се прикажува наклонот на возилото и надморската височина, а дигиталниот компас овозможува безгрижно барање на насока кога во близината нема патоказ.
За купувачите кои ги привлекува неговиот авантуристички, комбиниран дизајн, а немаат потреба за интегрален погон, Renault Koleos е достапен и во верзија со погон на две тркала.
Практичен, модуларен crossover
Сестраноста на Koleos не се однесува само на неговите возни својства туку и на многу досетливи решенија и опремата во внатрешноста. За да се олесни товарањето, Renault Koleos има врати од багажникот во вид на школка во два дела. Горниот дел од вратата овозможува пристап во багажникот во тесниот простор и превоз на предмети пошироки од еден метар. Кога е спуштен долниот дел од вратата, се олеснува товарање на подолги предмети и може да се користи како привремено седиште за две лица (до 200 кг). На крај, но не и најневажно, ширината на багажникот на Koleos од 1,07 м е меѓу најшироките во класата.
Модуларност
Од опремата која ја нагласува модуларноста на Koleos е таканаречениот систем на „едноставен караван“ кој овозможува задната клупа што може да се подели во сооднос 60:40, да се подигне од багажникот, т.е. нема потреба да се отвора задната врата. Кога клупата е преклопена, дното на багажникот е потполно рамно, па товарењето е уште полесно. Зафатнината на багажникот од 450 dm3 (VDA), кога сите пет седишта се исправени, по преклопувањето на клупата се зголемува на многу раскошни 1380 dm3 (VDA). Расположивиот простор може и да се подели благодарение на неколку куки со кои на разни начини може да се прицврсти повеќенаменска мрежа. Покрај тоа, бидејќи Koleos е наменет за слободни активности на отворен простор, под неговата задна клупа е сместен простор за скии. Наслонот на предното седиште до возачот исто така се преклопува, па може да послужи како маса или да ослободи простор за превоз на предмети со најголема должина од 260 цм.
Оставање предмети
Низ целата кабина сместени се многубројни прегради. На инструмент таблата се наоѓа предна преграда која се лади со зафатнина од 15 литри, а преградата во средната конзола е опремена со простор за оставање работи кој може да се извади. Дополнителен простор овозможува фиоката под седиштето на совозачот, во преградите на долниот дел од предните врати може да се оставаат шишиња од 0,5 л, а пргерадата во потпирачот за раце е идеална за ЦД. Патниците за задните седишта може да се послужат со преградата во задниот дел на средната конзола како и со две затворени прегради во подот, со зафатнина од околу десет литри. Во просторот за оставање предмети на задните врати може да се стават шишиња од 0,5 л или најмногу 5 компакт диска, а дополнителен простор постои и во задниот потпирач за раце. Просторот под подот на багажникот нуди уште 28 литри, што вкупно придонесува за 70 литри зафатнина за оставање предмети во Koleos.
На патниците од предното седиште на располагање им се и масички на преклопување со држачи за чаши вградени во наслоните на предните седишта.
Мотори на најновата генерација
Најновиот дизел мотор 2.0 dCi Euro 4 (M9R) е понуден во две варијанти, со снага од 110 kW (150 KS) и 127 kW (175 KS). Тој мотор, познат од возилата на Renault од повисока класа, Mégan, Qashqai на Nissan и новиот X-Trail како и QM5 на Renault Samsung Motors, го карактеризираат најновите достигнувања во технологијата на дизел моторите, вклучувајќи пиезоелектрични вбризгувачи, common-rail вбризгување на гориво со притисок од 1600 бари, турбополнач на променлива геометрија што се лади со вода и филтер честичка со периодични обновувања.
Моторот 2.0 dCi нуди широк корисен распон на вртежи, со најголем вртежен момент од 320 или 360 Nm (во зависност од верзијата) што се достапни при мали брзини на вртежи.
Дволитарскиот мотор од 110 kW се испорачува со моделите на погон 4х2 или 4х4 и со шестостепен рачен менувач или со автоматски пренос на силата. Верзијата од 127 kW се нуди со шестостепен рачен менувач и погон на сите тркала.
Третиот мотор во понудата е Euro 4 бензински мотор од 2,5 литри (Nissan TR25) кој развива 126 kW (170 KS) и вртежен момент од 226 Nm. Во зависност од пазарот, достапен е со рачен шестостепен менувач и/или постојано променлив пренос (CVT).

Посетете не’ на Facebook