За нас

Koleos

RENAULT KOLEOS ОСВОЈУВА 5 EURONCAP ЅВЕЗДИЧКИ

 

Koleos е десеттиот модел на Renault кој освоил максимални пет ѕвездички во тестовите за судири на EuroNCAP. Овој резултат ја потврдува исклучителната ефикасност на опремата за активна и пасивна сигурност во возилото. Патниците се безбедни во Koleos како во возењето во град, така и на автопат или на теренско возење, благодарение на системот со погон на четири тркала развиен во рамките на сојузот Renault Nissan. Овој систем придонесува за активна сигурност исправувајќи ги загубите во прилагодувањето со распределба на вртежниот момент помеѓу предното и задното вратило пред активирањето на електронската контрола на стабилноста.

Пристапот на Renault кон сите возила се темели на реалната сигурност. Марката се фокусира на развојот на најефикасната технологија за „спречување, исправување и заштита“ како и за зголемување на свесноста на возачите и патниците.

 

Koleos е десеттиот модел на Renault кој добил најголема оценка од 5 ѕвездички за заштита на возрасните лица[1]. Сигурноста е основна одлика на сите возила на Renault. Renault Koleos е развиен за постигнување највисоко ниво на активна и пасивна сигурност.

 

Koleos го користи искуството од долгогодишната работа на Renault во анализата на вистинските несреќи. Што се однесува до пасивната сигурност, структурата на неговата каросерија има зони со програмирано деформирање од предната и од задната страна, Кабината е дизајнирана како вистинска ќелија за прежививање во случај на несреќа. Renault Koleos исто така е опремен со бројна опрема за заштита на патниците, што вклучува шест воздушни перничиња (од кои два се фронтални), сигурносни појаси со ограничување на силата за затегање на предните и задните седишта, со Isofix систем за прицврстување на детските седишта на задните странични седишта. Дизајнот на наслонот за глава исклучително е ергономски и нуди најголема заштита од повреди во случај на удар од задниот дел.

 

Во поглед на активна сигурност Renault Koleos се одликува со крута шасија. За да му помогне на возачот во случај на итно сопирање, сериски е опремен со ABS со електронски разделник на силата на сопирањето и со системот за помош при нагло сопирање

Системот на Koleos со погон на четири тркала исто така значително придонесува за активна сигурност исправувајќи го губењето на приспособувањето. Развиен во рамките на сојузот Renault Nissan и за прв пат воведен во Новиот Nissan X-Trail, системот се користи за моментално исправување и на најмал знак на подуправување со прераспределба на вртежниот момент меѓу предните и задните вратила пред да се активира електронската контрола на стабилност (ESC - Electronic Stability Control).

 

 

Пристапот на Renault кон сигурноста на четири нивоа.

Renault ја заснова својата постапка на акцидентологијата и реалната сигурност како би понудил производи прилагодени на реалните ситуации на патот, што значи дека се дава приоритет на најефикасните технологии за да се спречи секоја опасност од несреќа, исправување на неочекуваните ситуации во возењето и заштита на патниците во случај на судир. Renault во текот на годините се наметна како референца во поглед на автомобилска сигурност, а за тоа сведочат и постигнатите резултати:

 

Koleos

 5 ѕвездички (2008)

Nova Laguna

 5 ѕвездички (2007)

Clio III

 5 ѕвездички (2005)

Mégane II Coupé Cabriolet

 5 zvezdica (2004), prvo vozila sa 5 zvezdica u klasi

Modus

 5 ѕвездички (2004), prvo vozila sa 5 zvezdica u klasi

Scénic II

 5 ѕвездички(2003), prvo vozila sa 5 zvezdica u segmentu kompaktnih monovolumena

Espace IV

 5 ѕвездички(2003)

Mégane II

 5 ѕвездички (2002), prvo vozila sa 5 zvezdica u segmentu M1

Vel Satis

 5 ѕвездички(2002 i 2005)

Laguna II

 5 ѕвездички (2001 i 2003), prvo vozilo u istoriji s tim nivoom sigurnosti

 

Резултатите од EuroNCAP за асортиманот на возилата на Renault:

единствен производител кој 10 пати доби највисока оценка

 

Меѓутоа, постапката на Renault ги надминува самите технички аспекти. Зголемување на совеста за безбедноста на учесниците во сообраќајот исто така е еден од приоритете за Групата.

 

Renault, компанија во чие средиште е човекот, се ангажира во програмите за образување и едукација по пат на бројни акции, како на национално, така и на меѓународно ниво, за да се подобри однесувањето на учесниците во сообраќајот:

 

(меѓународен програм „Сигурност за сите“ - www.securite-pour-tous.com, Global Road Safety Initiative).- www.securite-pour-tous.com, Global Road Safety Initiative).



[1]Renault Koleos ја доби оценката 33 од 37 во тестовите за заштита на возрасните лица, односно 5 ѕвездички. Доби и 4 ѕвездички од 5 за заштита на децата и 2 од 4 ѕвездички за заштита на пешаците.