НОВИОТ RENAULT CLIO - НОВИ МЕРИЛА
-
- Новиот Renault Clio отвора ново поглавје во сагата за Clio, која започнала во 1990 година и чиишто успех никогаш не престанал.
-
- Поливалентен и хомоген, Новиот Renault Clio ги има сите признати квалитети на Clio III, што му ја донесоа титулата „Автомобил на 2006 година“, а тоа се пространост, сигурност, удобност, примерно однесување на патот, со ригорозен квалитет на производство што го прави еден од најсигурните автомобили во неговиот сегмент.
-
- Нова копмпактна Renault berlina се истакнува со:
-
o обновен дизајн со динамични визуелни карактеристики од предниот дел на Новиот Renault Méganе
-
o нова верзија GT која им овозможува на купувачите на Renault Cliо пристап во светот на спортот. Новиот Renault Clio GT има спортски изглед и е забавен за возење.
o Carminat TomTom, прва интегрирана GPS навигација, достапна е за поголем број купувачи. Оваа нова Renault навигација е развиена во соработка со компанијата TomTom и го носи името на двете марки. Carminat TomTom може да се ажурира преку интернет. Оваа навигација има голем екран во боја, сигурно наведување со информациите од сообраќајот, ограничување на брзината и преупредување за радарите и се тоа по пристапни цени.
-
- Јавноста детално го разгледа Новиот Renault Clio за време на Салонот во Женева
Компактна berlina која ја потврдува својата сличност со Renault Méganе
Со одлично приспособување на подлогата, Новиот Renault Clio има поиздолжена фигура со светла што продолжуваат до отворот за воздух. Живиот карактер на браникот се одликува со големи отвори за навлегување воздух во долниот дел, со нагласена црна сјајна заштита. Од задната страна новиот дизајн на берлина ја продолжува коцкестата линија. Новиот Renault Clio изгледа уште подинамичен поради прочистениот среден дел на задниот браник. Светлата за возење наназад и светлата за магла се наоѓаат во долните агли. Во внатрешноста, чувството на удобност и видлив квалитет влијаеле на изборот на новите амбиенти и хармонијата. Екранот на навигацијата Carminat TomTom совршено е вклопен над средната конзола.
Новиот Renault Clio GT, нова верзија со силен карактер
Како и кај другите модели, за Новиот Renault Clio во понуда е и верзијата GT. Новиот Renault Clio GT, спортска компактна берлина, доби ексклузивна боја, Малта сина. Поагресивниот преден крај се одликува со црна сјајна решетка на ладилникот. Облогите на праговите го нагласуваат динамичкиот квалитет на посебниот систем за суспензија во оваа верзија GT. Задниот дел се одликува со издувен систем со две цевки и со спојлер.
Во внатрешноста, вниманието го привлекуваат спортските детали: педали од перфориран алуминиум, седишта со странични зацврстувања и со ознака «GT» на предните седишта.
Carminat TomTom, прва интегрирана навигација со можност за ажурирање и достапна на пошироките пазари.
Carminat TomTom, плод на партнерство помеѓу Renault и TomTom, е најнова интегрирана Renault GPS навигација. Достапна на поширокиот пазар и на поголем број купувачи, оваа навигација е едноставна за користење и се активира со движењето на возилото. На возачот на Новиот Renault Cliо му овозможува целосно сигурно возење без стрес. Услугите на овој нов систем вклучуваат:
- голем екран во боја што може одлично да се прочита (5,8“, односно 14,7 цм) за читање на детални и прецизни карти во стилот „птичја перспектива“,
- навигација со можност за ажурирање и сигурно наведување со информации за сообраќајот, ограничувањето на брзината и предупредувања за радари,
- сето тоа по многу поволни цени.
Врз основа на квалитетите на Cliо III
Новиот Renault Cliо ги има сите признати квалитети на Cliо III, кои му ја донесоа титулата „Автомобил на 2006 година“:
- адекватна пространост и удобност,
- признат систем на суспензија за однесување достојно на голем автомобил за долги возења,
- голема понуда на силни мотори кои се одликуваат со грижа за заштита на околината,
- опрема со повисоки сегменти како „hands free“ картица или регулатор - ограничување на брзината,
- одлично ниво на сигурност,
- строг квалитет на производство кое го прави едно од најсигурните автомобили во неговата класа
Јавноста можеше да го види Новиот Renault Clio за време на Салонот во Женева во 2009 година.


Посетете не’ на Facebook