НОВИОТ RENAULT MÉGANE СО 5 ЅВЕЗДИЧКИ EuroNCAP, ,
НАЈСИГУРЕН АВТОМОБИЛ ВО СИТЕ КАТЕГОРИИ 11
Со резултат од 37 бодови од можни 371 на тестирањата за судири на EuroNCAP, Новиот Renault Mégane е најсигурен автомобил во сите категории, вкупно2. Се работи за единаесеттиот модел на серијата Renault кој добил наголема оценка: 5 EuroNCAP ѕвезди. Сигурноста е во гените на Новиот Mégane...
Сигурност, суштински составен дел на Новиот Mégane, е запишана во неговите гени. Без оглед на тоа дали се работи за пасивна или активна сигурност, Новиот Mégane е развиен така да биде исклучителен во двете области. Затоа и ја наследи следнава опрема:
- двојни сензори за фронтален судир, иновација воведена во Laguna III,
- 6 воздушни перничиња од кои 2 се за заштита на телото и карлицата од два дела,
- системот за заштита на Renault кој вклучува двојни затегачи, ограничување на силата за затегање и прилагодливи предни воздушни перничиња од два дела,
- наслони за глава од новата генерација.
Покрај тоа, сериски е опремен со системите ABS и AFU (систем за помош при нагло сопирање) а во зависност од верзијата, со системот ESC (електронска контрола на стабилноста) со дополнителна функција за контрола на подуправувањето (CSV).
Како и за целиот асортиман на возила, Renault го темели својот пристап на реалната сигурност и дава предност на најефикасните технологии за да се „спречи, исправи и заштити“ како и на зголемената свесност за безбедност на учесниците во сообраќајот.
Со резултат од 37 бодови од можни 373 на тестирањата за судири на EuroNCAP, Новиот Mégane е најсигурен автомобил кој некогаш го има тестирано оваа независна организација, во сите категории, вкупно4. Единствен производител на автомобили кој 11 пати ја добил највисоката оценка од 5 ѕвездички, Renault сигурноста ја направи приоритет Структурата со програмирано деформирање на Новиот Mégane ја апсорбира енергијата во случај на судир за најдобро да се сочува интегритетот на кабината и животот на патниците. Материјали и челик со исклучително висок степен на еластичност, обезбедуваат максимална способност за апсорпција и разнесување на кинетичката енергија. Оваа глобална контрола на деформациите овозможува намалување на забавувањето кое го чувствуваат патниците и заедно со системот за заштита на Renault од третата генерација (SRP3), гарантира високо ниво на заштита.
Системот SRP3 на Новиот Mégane ја зема предвид силината на ударот и градбата на телото на патникот. Комбинира двојни затегачи на појасите на предните седишта и затегачи на задните странични седишта (кои го ограничуваат поместувањето на телото нанапред, затегнувајќи го појасот на ниво на градниот кош и карлицата), граничниците на затезната сила на сите седишта (кои го намалуваат притисокот на сигурносните појаси на телото на патникот) и прилагодливи воздушни перници во два дела (кои се пумпаат до определено ниво и го амортизираат ударот). Системот SRP3, обезбедува најдобра можна заштита од лизгање, односно за лизгањето на карлицата под долниот дел на сигурносниот појас, што може да доведе со озбилни повреди на обдоменот во случај на судир.
Како голема причина за смртност во градски средини (1/3 од несреќите), страничниот удар посебно се проучувал како би се постигнале оптимални резултати. Двојните сензори во случај на страничпен удар воведени во Lagunа III, овозможуваат двојно пократко време за активирање на страничните воздушни перничиња. Заедно со новата генерација на погусти воздушни завеси, оваа иновација овозможува подобрена заштита на главите на патниците за 30%. Дополнителна предност на тој систем, е до три пати поголем притисок на воздушните перничиња за заштита на телото и карлицата - поизложена и поиздржлива -во однос на пределот на телото.
Новите наслони за глава на Mégan, чиишто држачи лизгаат во самиот наслон за главата, а не во горниот дел на наслонот на седиштето, овозможуваат подобра заштита на вратните пршлени во случај на удар од задниот дел. Тие веќе не претставуваат крут дел од наслонот на седиштето. Заоблениот облик на седиштето и без арматура, му овозможува на патникот со грб да навлезе во седиштето (поместување од 60 mm) во случај на удар и со тоа го намалува движењето на главата/телото.
Предниот дел на новиот Méganе Berline исто така доби нови технички решенија со цел да се подобри на заштитата на пешаците во случај на судир5. Браникот претрпе измени во поглед на крутоста и ширината за заштита на нозете (во ниво на потколениците и колената). Капакот на моторот и неговото опкружување (крилата, зглобот на капакот на моторот, дизајн на внатрешниот дел на капакот од моторот) посебно се обработени со цел да се апсорбира енергијата на судирот.
Сигурноста на децата претставува посебна тема. Renault и посветува специфични истражувања кои бараат иста посветеност како и усовршувањето на системите за сигурност на возрасните патници. Со оценка од 4 ѕвездички од можни 5 на тестот Enfant EuroNCAP, Новиот Mégane нуди степен на заштита на децата кој е меѓу најдобрите на пазарот. Isofix системот на задните странични седишта овозможуваат едноставно и сигурно поставување на детските седишта и прицврстувањето Isofix.
Новиот Mégane исто така е опремен со различна опрема која му помага на возачот во предвидување на опасностите на патот::
- систем за контрола на притисокот во гумите,
- нов ограничувач - регулатор на брзината со осветлен екран, што во исто време е функционален и интуитивен, а овозможува и подобра прегледност и поголема сигурност,
- автоматско палење на светлата,
- автоматско движење на бришачите на стаклата.
Неговите двојни ксенонски светла со насочување на кратките светла во свијоци, во зависност од аголот на управувачот, придонесуваат за сигурност во ноќно возење, со подобра перцепција на патот и подобро странично осветлување.
Во поглед на активна сигурност, Новиот Mégane Berline е опремен со ABS со електронски разделник на силата на сопирањето и со системот AFU (помош при нагло споирање).. На тие системи им се придружува, во зависност од верзијата ESC (електронска контрола на стабилноста) со функција за контрола на подуправувањето (CSV) за соочување со ситуации на отежнати или непредвидени услови за возење.
Како и за целиот свој асортиман, Renault го заснова својот пристап на акцидентологијата и реалната сигурност како би понудил производи прилагодени на реалните ситуации во сообраќајот. Тоа значи дека се дава приоритет на најефикасните технологии за да се спречи секоја опасност од несреќа, исправување на неочекуваните ситуации во возењето и заштита на патниците во случај на судир.
Renault и сигурност: глобален пристап кој се темели на 4 одредби
Renault ја заснова својата постапка на акцидентологијата и реалната сигурност како би понудил производи прилагодени на реалните ситуации на патот, што значи дека се дава приоритет на најефикасните технологии за да се спречи секоја опасност од несреќа, исправување на неочекуваните ситуации во возењето и заштита на патниците во случај на судир. Renault во текот на годините се наметна како референца во поглед на автомобилска сигурност, а за тоа сведочат и постигнатите резултати:
1 Оценка добиена за заштита на возрасните
2 Еднаков број бодови како и Nissan Qashqai
3 Оценка добиена за заштита на возрасните
4 Еднаков број бодови како и Nissan Qashqai
5 5 Mégane доби оценка 2 ѕвездички од 4 во судир со пешак на тестовите на EuroNCAP.

Посетете не’ на Facebook