Приказна за Renault 4

Приказна за Renault 4

Приказна за Renault 4
Назад
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Приказна за Renault 4, започна во 1956 година

Како трет најпродаван модел во автомобилската индустрија и најголем француски успех во светот со повеќе од 8 милиони продадени примероци во повеќе од 100 држави, Renault 4 стана вистинска автомобилска легенда.Pierre Dreyfus во 1956 година го воведе поимот џинс-автомобил "Blue Jeanse Car". Со тоа сакаше да произведува автомобил кој ќе биде ефтин и за широка употреба и тоа го раскажа на целиот свет. После 5 години на конференција за печат пред саемот на автомобили во Париз 1961 година на светот му беше претставен Renault 4, прв со погон на предни тркала..

Проектот имаше ознака 112, а прекарот му бил "350" (во согласност со идната цена од 350.000 франки).

Автомобилот во Франција е претставен во Јули, 1961 година, а во јавност на саемот за автомобили во Париз. Моделот се произведуваше во 28 држави заедно со Франција, а се продаваше во повеќе од 100 држави. Крајот на производството беше 3 декември 1992 година кога е најавено и конечното престанување на тој модел. Производството продолжи само во Словенија и Мароко.

Renault 4 така стана трет најпродаван автомобил во свет.
Постоеа 3 верзии: R3 кој е повлечен после една година, R4 и R4L (L е кратенка за лукзуз). Ознаката R4 набрзо стана како име на моделот кој за секогаш остана во срцата на францускиот народ и целата јавност. Внатрешноста, малите трошоци и прилагодливоста веднаш станаа омилените негови карактеристики кои ги нарекоа моментален успех. Веќе после 6 години од производната лента излегоа 1 милион возила. Вкупно за 31 година производството достигна до 8.135.424 автомобили.

Renault 4 беше успешен и надвор од Франција. Се произведуваше во 27 држави како: Австрија, Јужно-Афричката Република, Филипини и во Чиле. 4ката можеше да се купи во неколку верзии помеѓу кои и доставна со погон на 4 тркала и кабриолет. Имаше и различни верзии кои ги викаа Родео. Во Франција најпознати беа: Parisienne (1963), Jogging (1981) и Sixties (1985), исто така тој беше познат и на рели трките. Беше најомилено превозно средство на младите кои со него го истражуваа светот. Можеше да се види и на автомобилските натпреварувања, како релито во Монтекарло и релито Париз-Дакар. Во тоа афричко рели се качи и на победничкиот подиум.

Специјалната серија Bye-Bye е направена во 1922 година, а се произведуваше до 1994 година во Словенија и Мароко, но во мали количини. Последната 4ка на светот од Ново место во Словенија.