Мотор со високи перформанси
Откријте го новиот 1,8 литарски мотор на MEGANE R.S, со директно вбризгување и турбо полнач. Производ на Алијансата Renault-Nissan, дизајниран во соработка со Renault Sport Racing. Благодарение на искуството од Формула 1™, променета е структурата на главата на цилиндарот со цел да ја поддржи количината на енергијата која ја произведува моторот. Доживувајте нови искуства!