ВАШИОТ RENAULT AUSTRAL се приспособува на СЕКОЈА СИТУАЦИЈА
ДИЗАЈН
Поспортски, поелегантен, поробустен... Истакнете го и персонализирајте го својот Austral со богата дополнителна опрема.
пакет за персонализирање
Направете го вашиот Renault Austral уште попрепознатлив со нашите пакети за прилагодување. Изберете од 4 бои и 8 можни конфигурации. Откријте ги и бочните скалила, посебно дизајнирани за вашиот Austral.
ПРИЛАГОДЕТЕ ГО ЕНТЕРИЕРОТ НА СВОЕТО ВОЗИЛО AUSTRAL
Спортски педали и прагови на вратите... Истакнете го спортскиот, луксузен или авантуристички изглед на своето возило Austral.
Целосно новиот Renault Austral се прилагодува на вашиот живот и на вашата потреба за простор и транспорт.
ПОНЕСЕТЕ СÈ ШТО ВИ ТРЕБА СО ВАС
Лесно додајте капацитет за складирање на својот Austral E-Tech со влечна кука и носачи на кровот.
100% електрична вовлечлива кука
100% електричната кука за влечење се поставува или се сокрива без напор, само со притискање на копче!
И МНОГУ ПОВЕЌЕ...
кровни носачи
Вашите носачи на кровот, кои лесно може да се инсталираат и отстранат, ви овозможуваат да прикачите покривна кутија или скијачки багажник за сите ваши патувања.
складирање за скијање и сноуборд
Заминете на планина без да се грижите за транспорт на вашата опрема. Сладирањето на скиите или сноубордот совршено се вклопува на вашиот Renault Austral.
држачи за велосипеди
Ви овозможува безбедно и лесно транспортирање на сите ваши велосипеди (не е потребно прилагодување).
покривна кутија
Зголемете го волуменот на товарење на вашиот Renault Austral за 480 литри и движете се без компромиси!
синџир за снег
Соочете се со снегот безбедно со лесни за инсталирање, ултра компактни и супер-ефикасни предни синџири дизајнирани за вашиот Austral.
Заштитете го вашиот Austral со нашите додатоци специјално дизајнирани за овој модел.
подлога за багажен простор
Заштитете го вашиот багажен простор и одржете го чист со поставување на гумен тепих.
заштита на багажен простор
Практичен, водоотпорен и прилагодлив на секоја ситуација, модуларниот заштитник се прилагодува на вашиот Austral и го штити прагот на багажниот простор.
праг на багажникот од нерѓосувачки челик
Прагот на багажникот со изглед на брусен алуминиум гарантира сигурно товарење ма гломазни предмети и ја штити каросеријата од гребаници.
гумена подлога
Гумените патосници со високи рабови комбинираат стил и заштита со поголема ефикасност.
ИСКУСТВО ВО ВНАТРЕШНОСТА
Приспособете го вашето возачко искуство во возилото Austral.
индуктивен безжичен полнач
Одлучете се за индуктивен безжичен полнач за паметни телефони*, без кабли или приклучоци и одржувајте го вашиот паметен телефон наполнет кога сте во движење.
*за компатибилни паметни телефони
повеќенаменска закачалка
Почестете се со повеќенаменска закачалка која се прицврстува на задниот дел на потпирачот за глава. Кога ќе стигнете на вашата дестинација, јакната која сте ја ставиле на закачалката нема да има ниту еден набор!
преграда на багажникот
Внатре, преградете го багажниот простор со по мерка изработена мрежа и патувајте безбедно со вашето куче.