Звучниците на Harmon Kardon, специјално дизајнирани за Austral, нудат напредна аудио технологија што може индивидуално да се прилагоди на вашата околина. Можете целосно да уживате во вашата омилена музика со различни режими на слушање.
surround звучници
Компактни по големина, изработени од високо издржлив алуминиум и дизајниран за широка покриеност на средни и високи фреквенции. Тие ја подобруваат стабилноста на звукот и обезбедуваат природен, извонреден звук за патниците напред и назад.
длабокотонски звучник
Уникатна технологија што ја намалува тежината и големината на овој звучник, притоа постигнувајќи исклучително високи перформанси во опсегот на ниска фреквенција. Овој компактен дизајн е овозможен со отвор во шасијата каде што е вметната преградата, што овозможува да се компензира надворешниот воздушен притисок.
високотонски звучници
Тие се дизајнирани со висококвалитетна флексибилна купола од ткаенина за мека и детална репродукција на највисоките звучни фреквенции.
среднотонски звучници
Оптимизирани за динамична репродукција на средни тонови. Комбинирани се со длабокотонскиот звучник преку надворешни водови, па совршено репродуцираат нискофрекфренти звуци и ја намалуваат дисторзијата.
среден звучник во предниот дел
Овој звучник е оптимизиран да пружа динамичка реродукција на длабоки и средни тонови. Комбиниран е со длабокотонскиот звучник преку надворешни водови, па совршено репродуцира длабоки тонови.