Renault MASTER

Карактеристики

Подобрена сигурност

Новиот ESP

Систем за контрола на стабилност ESP, стандардно кај сите верзии, е збогатен со 3 функции:  Extended Grip  (подобрен допир со патот) го стабилизира допирот на тркалaта со подлогата особено кај мека подлога.  Hill Start Assis  го олеснува движењето по нагорнини при управување.  Anti-sway уред за приколки опционално заедно со влечната кука, детектира осцилации на приколката и го корегира нејзиното вртење.
Се препорачува употреба на летни и зимски гуми за подобра ефикасност.

Огледало " Wide View "

Renault Master е опремен со воздушни перничиња за возачот во стандардна опрема и за совозачот во опционална. Сигурносните појаси даваат поголема сигурност, бидејќи се обезбедени во три точки и имаат лимитер на затезната сила како и подесување по висина .

Воздушни перници и сигурносни појаси

Renault Master е опремен со воздушни перничиња за возачот во стандардна опрема и за совозачот во опционална. Сигурносните појаси даваат поголема сигурност, бидејќи се обезбедени во три точки и имаат лимитер на затезната сила како и подесување по висина .

Ogledalo "Wide View"

Огледало " Wide View " за избегнување мртви агли.

Сензор за возење наназад

Сензор за возење наназад

Камера за возење наназад во заштитникот за сонце

Камера за возење наназад во заштитникот за сонце


Работен простор во кабината

Практичен и сестран на рака
Оптимална видливост, ергономски контроли, подесување на положбата за возење, многу бројни пристапни катчиња, тоа е професионална кабина. Комфорен, светол и голем со добра климатизација и звучна изолација, сè за патувањето да биде пријатно и опуштено. Кога ќе застанете се трансформора во канцеларија: ротирачка масичка дозволува на неа да постaвите пресонален компјутер, документи или табла за пишување испратници, фактури, како и многубројни места во кабината каде сите работни документи ви се на дофат на рака.

Професионални преправки

Застаклен преграден ѕид

Застаклениот преграден зид на возачот му овозможува подобар преглед на товарниот простор при движење наназад доколку задната врата е застаклена.

Задната врата  270°, застаклена, со функција за греење

Отворањето за 270* го олеснува приоѓањето до платформата за товарање. Отворените врати се прицврстени со магнети.

Блокада на диференцијалот

Подобрено движење по меки и лизгави терени, како што се градилиштата. 

Заден праг

Олеснет пристап до товарниот простор

Стандарден уред за влечење X62 CCRJ -со зглоб

Дозволува влечење од 2,5 до 3 тони ( како дополнителна опрема, куќиште и приклучок за влеча со 4 отори )

Прстени за прицврстување на товарот

Во зависност од верзијата 6 до 10 прстени за прицврстување на товар

Дрвен под со заштита од лизгање

Го штити товарниот простор на вашиот Master при транспорт на стока. Достапна е со слој против лизгање. Цврста и внимателно одбрана заштита на прагот со метална заштита и заедно со дрвената подница  се соодветна заштита на каросеријата вратите.

Кровен носач

Дозволено оптоварување на секоја шипка е 46 кg .  и се продаваат во  пар. Најголемо оптоварување на возилото е 200 kg со шипките.

Челична галерија

Овој елемент за транспорт неопходен за професионалци земајќи ја во предвид неговата мултифункционалност. За возила со лизгачки врати, галеријата се испорачува со шипка за запирање на товарот и лаљак кој овозможува лесно и безбедно ракување со голем товар.


Удобност и технологија

s

Рачен клима уред

Рачен клима уред

Регулатор на клима уредот

Електрично прикажување и подесување на саканата температура, брзо одмаглување на прозорите и сензори за сончева светлина.

Радио конектирање R&GO

Радио конектирање R&GO

Апликација R&GO

enault R&GO е практична и интелигентна апликација за совршена интеграција на вашиот мобилен телефон и таблет во вашиот Renault. Едноставен за користење, овозможува пристап до 4 универзални функции- Мултимедија, Телефон, Навигација и Возило - на ергономски интуитивен начин. Превземање на вашата музика, управување со контактите, прецизна навигација или информации за потрошувачката со функцијата Driving eco2. Достапно на Apple App Store (iOS) и Google Play (Angroid).

Carminat Tom Tom®

Carminat TomTom пресметува подобар пат, дава информации за сообраќајот во релно време, известува за фиксните радари и сите информации ги сервира на големиот екран во боја. Далечинското управување овозможува пристап до различни функции интуитивно и сигурно. Оваа функција го заштедува времето и потрошувачката.

Клуч со Hands-Free пристап

Едноставно носете го hand -free клучот со себе.Отворањето се прави со едноставно притискање на кваката од вратата без користење на клуч.

Клуч со 3 копчиња

Овозможува далечинско  отклучување и заклучување на предните и задните врати. 

Комплетен асортиман

Новиот Renault Master има широк асортиман возила:
верзија фургон, продолжена кабина, едноделна или дводелна кабина, подвозје со едноделна или дводелна кабина... Со комплетирање на моделите за транспорт со поголеми оптеретувања Renault Master исто така нуди верзија со единечни или дупли тркала.Ново, Renault Master сега во верзила  L4 погон со едноделни тркала и максимална зафатнина од 17 м3 што овозможува товарање пошироки палети; компромис  помеќу удобност и товарен капацитет!


Цени и спецификации


Дали сте подготвени да ја проширите својата работа со MASTER?