TALISMAN Grandtour

Мотори и перформанси

Ефикасност на моторот

Мотор Energy TCe 150 EDC i Energy TCe 200 EDC

Имајте контрола врз потрошувачката на гориво и емисија на СО2 без да го намалите задоволството во возењето. Моторите Energy TCe 150 и Energy TCe 200 имаат технологија која потекнува од Формула 1 и со кои ќе почувствувате сила и динамика. Во комбинација со автоматски 7 степен менувач EDC со двојна спојка, постигнувате флексибилно и реактивно возење во сите брзини.

Мотор Energy dCi 110 Eco2

Препуштете му се на неверојатното уживање кое го овозможува моторот Energy dCi 110 Eco2. Со новиот турбополнач обезбедува ефикасна , силна и флексибилна работа и кај мали брзини. Со технолошките иновации, како што е контрола на работната температура на моторот или повраток на сопирачката енергија, добивате најмала потрошувачка и емисија за задоволство во возењето.

Мотор Energy dCi 130 i Energy dCi 160 Twin Turbo

Моторите Energy dCi 130 и Energy dCi 160 Twin Turbo со технологија од светот на Формула 1 даваат чувство како 2- литарски мотори само што потрошувачката е помала. Моторот Energy dCi 160 со два турбополначи има одзив во сите брзини поради што е симбол на ефикасност и сила во секакви околности.

Автоматски менувач EDC

Автоматскиот менувач EDC со двојна спојка е комбинација на удобност на автоматскиот менувач и економичност и одзив на рачниот менувач. Реакцијата на овој менувач се прилагодува со избраниот вид на возење и обезбедува флексибилно и динамично возење со намалена потрошувачка.

Перформанси

Eco Driving

Eкономичниот Eco  делува врз параметрите на моторот, особено на потрошувачката без да се намали удобноста. На своето возење може да додадете и други системи за контрола на потрошувачката како Eco monitoring  Eco coaching  Eco scoring.

Аеродинамика


Активни отвори за воздух во маската од ладилникот, проток на воздух под капакот на моторот, воздушна завеса и аеродинамични плочи на шасијата  се грижат за намалување на енергија поради отпорот од воздухот. Нашите инженери и дизајнери вложија труд да ја намалат потрошувачката на гориво во Renault TALISMAN Grandtour.

sigurnost

Сигурност и помош во возењето

Нашето искуство во ваша корист.

Дали сте подготвени да ве заведе TALISMAN Grandtour?

Откријте ги неговите карактеристики