ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА НА ИДНИНАТА

Renault го редефинира концептот на урбано комерцијално возило. 65 години по Estafette, Renault продолжува да ги предвидува потребите на деловните корисници. Врз основа на нова, целосно електрична платформа, откријте ги нашите компактни, агилни и пространи решенија.
Три нови имиња за идните електрични комерцијални возила на Renault E-Tech: Trafic E-Tech, Renault Estafette E-Tech и Renault Goelette E-Tech. Нивната заедничка платформа претставува значаен чекор напред во однос на флексибилноста, ергономијата и поврзаноста, што дополнително ги намалува оперативните трошоци.

Renault Trafic E-Tech
Со својот високотехнолошки дизајн и оптимизираните димензии*, Renault Trafic E-Tech е идеален за секојдневна употреба. Неговиот внатрешен простор е максимизиран, кругот на вртење е споредлив со оној на Renault Clio. 

*висина помала од 1,90 m, должина помала од 4,90 m
Renault Estafette E-Tech
Ергономски и лесен за возење, Renault Estafette E-Tech е совршено прилагоден на урбаните средини. Лизгачките странични врати и вертикалната задна завеса го прават товарењето лесно и безбедно. Со висина од 2,60 m, возачот може да се движи од патничкиот простор до товарниот простор без да го напушти возилото.
Renault Goelette E-Tech
Renault Goelette E-Tech е дизајниран за широк опсег на намени и е достапен во три верзии: шасија со кабина,сандак и кипер. Практично и функционално возило чија шасија можете да ја прилагодите и трансформирате според барањата на вашиот бизнис.

ОТКРИЈТЕ ПОВЕЌЕ

Renault - нови комунални возила - гама на комерцијални возила
лесни комерцијални возила
Renault - new utility vehicles - Estafette Concept
концепт возило Estafette