ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА

Откријте ја дополнителната опрема за Renault Megane, осмислена за поголема удобност и полесно секојдневно возење.

ДОДАТОЦИ ЗА ВНАТРЕШНОСТА НА ВОЗИЛОТО
секојдневна удобност и организација
Олеснете го секое патување со дополнителна опрема осмислена за ваша удобност и благосостојба. Искористете го просторот во возилото на најдобар начин, држете сè на дофат и уживајте во подобро организирана внатрешност за попријатно возење.
голем затворен организатор за централна конзола
Дизајниран совршено да се вклопи во централната конзола, овој затворен организатор лесно се поставува и на елегантен начин обезбедува дополнителен простор за складирање. 
Три зони: две затворени прегради и отворен простор со држач за чаши, за подобра секојдневна организација.

СТИЛСКА ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА
елегантно и впечатливо
Дополнителната опрема за Renault Megane го нагласува неговиот препознатлив стил и дополнително го истакнува неговиот динамичен карактер.
премиум патосници и прагови со ознака esprit Alpine
Додајте спортски изглед на вашиот Renault Megane со премиум текстилните патосници esprit Alpine и црните прагови Renault. Елегантни и издржливи, обезбедуваат ефикасна заштита на внатрешноста, а истовремено лесно се поставуваат и одржуваат.
футрола за hands-free картичка Renault
футрола за hands-free картичка Renault
Персонализирајте ја вашата hands-free картичка со елегантна сива футрола. Лесно се поставува и ефикасно ја штити картичката од гребнатини, а истовремено ѝ дава дискретен и рафиниран изглед.
премиум патосници
премиум патосници
Внесете доза рафинираност во внатрешноста со премиум текстилни патосници. Совршено се вклопуваат во внатрешноста и ги обединуваат удобноста, издржливоста и естетиката, а лесни се за поставување и одржување.
декоративни капаци за надворешни ретровизори
декоративни капаци за надворешни ретровизори
Светлосиви капаци за надворешни ретровизори со сатенска завршна обработка на сино Renault Megane. декоративни капаци за надворешни ретровизори Подобрете го изгледот на вашиот Renault Megane со овие светлосиви капаци за надворешни ретровизори со сатенска завршна обработка. Изработени по мерка, совршено се вклопуваат и му даваат на возилото елегантен изглед. Лесно се поставуваат без алат и обезбедуваат дополнителна заштита, истакнувајќи го изгледот на возилото секој ден.

ЕЛЕКТРИЧНА ОПРЕМА
практично и неопходно
Кабли за полнење, наменски прегради и паметни решенија: оваа дополнителна опрема го олеснува секојдневното користење на Renault Megane и овозможува вашата опрема да биде уредно организирана и секогаш подготвена за употреба.
3 вида кабли за 3 различни намени
  • кабел Flexicharger: за употреба со засилени домашни приклучоци
  • кабел за домашен приклучок: за повремено полнење преку стандардни приклучоци
  • кабел за полнење Type 2: погоден за јавни и домашни станици за полнење
преклоплива преграда за кабелот за полнење
преклоплива преграда за кабелот за полнење
Чувајте го кабелот за полнење секогаш при рака со оваа компактна и водоотпорна преграда. Се прицврстува на страничниот дел од багажникот, ефикасно ја штити содржината и се склопува со едно движење за да ослободи простор. Практична, дискретна и идеална за уреден багажник.
двонасочно полнење Power to Object V2L
двонасочно полнење Power to Object V2L
Претворете го вашиот Renault Megane во мобилен извор на енергија со V2L-технологијата. Овој адаптер овозможува напојување на уреди на 220 V директно од возилото. Идеален за активности на отворено и секојдневни ситуации, ги обединува практичноста и безбедноста.
ракавици за полнење
ракавици за полнење
За подобро прилепување и заштита на рацете при ракување со кабелот за полнење, изберете ги овие ракавици со водоотпорна обработка и нелизгачки точки.
двојно дно за складирање кабли за полнење
двојно дно за складирање кабли за полнење
Оптимизирајте го просторот во багажникот со ова практично двојно дно. Овозможува лесен пристап до каблите и другите предмети, а благодарение на трите прегради просторот останува уредно организиран. Цврсто е и лесно се одржува, а може да издржи оптоварување до 150 kg за безгрижна секојдневна употреба.

ОПРЕМА ЗА ПРЕВОЗ И ЗАШТИТА
практично и робусно
Поедноставете го секое патување со опрема што ги обединува заштитата и практичноста, осмислена да се приспособи на сите ваши потреби.
Aero Cargo Box™ Renault и носач за велосипеди на кука за влечење
Зголемете го капацитетот за багаж без компромиси со Aero Cargo Box™. Поставена на кука за влечење Renault, обезбедува дополнителни 310 литри простор, притоа зачувувајќи ја аеродинамиката на возилото. Безбедно ги превезува вашите работи, а може да се претвори и во носач за велосипеди
кровни носачи Quickfix и носачи за скии и сноуборд
кровни носачи Quickfix и носачи за скии и сноуборд
Тргнете во авантура без грижи со овој пакет за зимски услови. Носачите Quickfix брзо се поставуваат и овозможуваат превоз на до 4 пара скии или 2 сноуборда. Сигурно, практично и безбедно решение за безгрижни патувања.
двострана подлога за багажник
двострана подлога за багажник
Приспособете го багажниот простор на вашите потреби со оваа двострана подлога: елегантна текстилна страна или издржлива гумена страна за повалкан товар. Изработена по мерка, нелизгачка и лесна за чистење, обезбедува долготрајна заштита на возилото и го олеснува секојдневното користење.
заштитни навлаки за задните седишта
гумени патосници
Оптимизирајте ја заштитата на вашиот Renault Megane со овие гумени патосници изработени по мерка. Подигнатите рабови задржуваат вода и нечистотија, додека нелизгачката површина обезбедува оптимално прилепување. Лесни за чистење, идеални се за секојдневна употреба.
кровни носачи Quickfix и носачи за скии и сноуборд
заштитни навлаки за задните седишта
Ефикасно заштитете ја задната страна на потпирачите за грб од триење и нечистотија. Лесни за поставување и чистење, овие дискретни заштити ја одржуваат внатрешноста чиста и уредна за побезгрижно патување.

СИТЕ ДЕТАЛИ ЗА MEGANE E-TECH ELECTRIC

Фотографиите на веб-страницата www.renault.mk се симболични и служат исклучиво за информативни цели. Сите податоци и информации наведени на веб-страницата и во документите се привремени и предмет на промена. Го задржуваме правото за настанатите грешки во текстот.

Поради последиците од глобалниот недостиг на полупроводници, некои елементи на опремата прикажани на веб-страницата и во брошурата моментално не се достапни. Ова вклучува, меѓу другото, информативен дисплеј од 10 инчи со инструменти и дисплеј за навигација, безжично полнење на паметни телефони, итен повик и поврзана навигација. Во сегашните услови, тешко е да се предвиди достапноста на специфичните елементи на опремата, кои можеби не можат да се добијат во конкретниот случај поради глобалниот недостиг на полупроводници. За најнови информации обратете се до најблискиот овластен застапник.


ОТКРИЈТЕ ГИ ДРУГИТЕ МОДЕЛИ НА RENAULT

Renault Scenic E-Tech Electric во бела боја, прикажан од предниот лев агол на бела заднина
Scenic E-Tech electric