ПРОПИСИ ЗА УПОТРЕБА НА ХЕМИСКИ СУПСТАНЦИИ

Во Renault, ние се стремиме да се подобриме и да ви го олесниме животот. Со децении се обидуваме да понудиме возила кои се поефикасни и предизвикуваат помало загадување.
Регулатива REACH – за одговорно користење на нашите возила и услуги.
REACH: ЗА ОДГОВОРНО КОРИСТЕЊЕ НА НАШИТЕ ПРОИЗВОДИ
Целта на регулативите REACH (регистрација, евалуација, овластување и ограничување на употреба на хемиски производи) создадени од Европската Унија во 2007 година е да се промовира заштитата на здравјето на луѓето и животната средина од ризиците поврзани со хемиските супстанции.

Регулативата се однесува на постапката за собирање и анализа на својствата и опасностите на сите супстанции што се користат во индустриските процеси и производството.

Во согласност со сето она за кое се залагаме, јасно и транспарентно пренесуваме информации за производите што се користат при сервисирање, одржување и поправка на нашите возила.
САКАТЕ ДА НАЈДЕТЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА РЕГУЛАТИВАТА RECH НА ВАШЕТО ВОЗИЛО?
За информации за вашето возило, едноставно изберете го брендот и моделот на вашето возило и ќе го добиете вашиот документ REACH.
Renault REACH - La gamme Renault
Нови дизел и бензински мотори