Група

Алијанса Renault-Nissan

Од 1999 година, кога е основана , Алијансата Renault - Nissan ( Renault-Nissan Allijance ) стана најцврста, најдолга постоечка мултикултурна врска помеѓу големите светски производители на автомобили. Тоа е единствено партнерство кое е прагматично деловно решение способно да се прилагоди на новите прилики на светската автомобилска карта и заеднички да развивa нови проекти и создава нови партнерства ширум светот.Последните деловно напорни години, Алијансата стана амортизер што партнерите ги штити од негативни регионални трендови на општиот пад на продажба во некои подрачја со пораст во други растечки пазари. Во таа врска Renault и Nissan го надминаа традиционалното меѓусебно ривалство и ги обединија силите во заедничка цел: раст на глобално ниво. Заедно Renault и Nissan се една од најголемите автомобилски групи во светот. Врз основа на меѓусебната размена на сопственичките удели и заедничките интереси Алијансата со успех ја максимизира синергијата без негативни последици за идентитет на оделни марки на Алијансата. Денес многу производители на возила тежнеат за партнерство какво што во 1999. ја започнаа токму Renault Nissan.Од 1999 година, кога е основана , Алијансата Renault - Nissan ( Renault-Nissan Allijance ) стана најцврста, најдолга постоечка мултикултурна врска помеѓу големите светски производители на автомобили. Тоа е единствено партнерство кое е прагматично деловно решение способно да се прилагоди на новите прилики на светската автомобилска карта и заеднички да развивa нови проекти и создава нови партнерства ширум светот.Последните деловно напорни години, Алијансата стана амортизер што партнерите ги штити од негативни регионални трендови на општиот пад на продажба во некои подрачја со пораст во други растечки пазари. Во таа врска Renault и Nissan го надминаа традиционалното меѓусебно ривалство и ги обединија силите во заедничка цел: раст на глобално ниво. Заедно Renault и Nissan се една од најголемите автомобилски групи во светот. Врз основа на меѓусебната размена на сопственичките удели и заедничките интереси Алијансата со успех ја максимизира синергијата без негативни последици за идентитет на оделни марки на Алијансата. Денес многу производители на возила тежнеат за партнерство какво што во 1999. ја започнаа токму Renault Nissan.

Стратегија на Renault групата

Renault и неговите марки
Dacia

Renault во 1999год, го купи романскиот производител и ги осовремени со неговите погони. Вложувањата овозможија производство на Logan во најдобро време за стратешко освојување на бројните пазари. Целта беше да се понуди современо и моќно возило по конкурентни цени. По почетокот на продажбата на луксузниот Logan, Dacia во 2006 год. го прошири изборот на модели со претставување на караван Logan MCV.
Renault Samsung Motors

Во 2000 година Renault ја превзема автомобилската група Samsung, па со фирмата Renaut Samsung Motors се појави како прв европски производител на јужно европскиот пазар. По повторното покренување на индустриското производство и обнова на фабриката во Бусан, Renaut Samsung Motors стана пример за успех - држава која долго беше заборавена за странски вложувања.
Алијанса Renault-Nissan

Сојузот кој е склопен во 1999 година се вбројува помеѓу 4 најголеми производители на автомобили во светот. Renault и Nissan се поврзани со цел да постигнат успех во размена на најдобра производна пракса.Различни облици на соработка постојано се зајакнуваатво сите области од производство до продажба. Алијансата формираше и заедничка фабрика за набавка RNPO (Renault Nissan Purchasing Organization), која ги покрива 83% од набавките на оваа алијанса.

Renault во светот

Од 1996 година потпишани се многу договори за соработка на индустриско техничко и комерцијално поле. Повеќе за партнерството создадено во оквир на Renault развитокот на меѓународно ниво.

Renault во Индија

Во 2005 година Renault се поврза со индискиот производител на автомобили Mahindra со цел да се појави во Индија и да произведува и продава Logan. Таа прва фаза на соработка доведе до тоа да во 2009 година се изгради фабриката во Индија.

Иновации и технологија

џцед
Концептуални возила
Концептуалните возила го покажуваат иновативниот дух на Renault со авангарден дизајн и технологија кои создаваат поврзаност помеѓу сонот и иднината.
всф
Мултимедијален Renault систем
Renault може да се пофали со врвни мултимедијални системи, R-Link, R-Link2, навигациски систем Carminat Tom Tom, Media Nav, R&GO итн. Помеѓу нив моментално на пазарот иновација е R-Link2 со која се пребарува на интернет, има пристап до апликации, навигација, телефонирање со слободни раце и контрола врз своето возило.

* кај некои модели
вдф
Сигурност
Renault своите возила ги опремува со уреди за помош при возење кои возачот го поттикнуваат за одговорно возење (ограничувач на брзина: визуелен и звучен сигнал за не врзан сигурносен појас) и го известуваат (систем за надзор на притисок во пневматиците, контролни сијалички). Сите Renault возила се опремени со уреди кои можат да ја исправат грешката во возењето: систем против блокирање на тркала (ABS), со ABV систем за ненадејно сопирање (AFU), систем за контрола на стабилност (ESP), систем против пролизгување на погонските тркала (ARS) и варијабилен серво управувач.Новата генерација на автомобили е опремена и со ситем за помош при паркирање Easy Park Assist, систем за автоматско нужно сопирање (AEBS), предупредување за пречекорување на брзина со функција за препознавање на сообраќајните знаци, систем за надзор на мртов агол, систем LDW кој предупредува за ненамерно отстапување од сообраќајната лента, систем за автоматско менување на долги и кратки светла.Euro Ncap: Секое возило има врвна заштитна опрема. Структурата на каросеријата ги апсорбира ударите и истовремено го заштитува патничкиот простор. Зајакната структура на каросеријата делува како заштитен кафез за патници. Страничните воздушни перничиња за глава и гради гарантираат заштита на патниците во кабината. Новиот Renault Espace стана 16-ти модел на Renault кој на строгите тестови Euro Ncap е оценет со 5 звездички.
хф
Мотори и менувачи
Моторот и менувачот не се само делови наменети за движење на моторот. Тие исто така придонесуваат за задоволство во возењето. Освен тоа тие треба да овозможат намалена потрошувачка на гориво и емисија на штетни материи.

Renault околина

Во тек на 2007 година Renault го покрена Renault ECO2 во Европа. Renault групацијата така го потврдува своето делување со цел намалување на штетното влијание врз околината за време на целиот животен циклус на автомобилот. Возилото Renault eco2 задоволува три критериуми:има емисија на CO2 помала од 140g/km или има погон на биогориво, се произведува во фабрика со сертификат ISO 14001, може да се искористи до 95% на крај од животниот циклус и содржи барем 5% рециклирана пластика.Во тек на 2007 година Renault го покрена Renault ECO2 во Европа. Renault групацијата така го потврдува своето делување со цел намалување на штетното влијание врз околината за време на целиот животен циклус на автомобилот. Возилото Renault eco2 задоволува три критериуми:има емисија на CO2 помала од 140g/km или има погон на биогориво, се произведува во фабрика со сертификат ISO 14001, може да се искористи до 95% на крај од животниот циклус и содржи барем 5% рециклирана пластика .