Renault и автомобилизам

Спортот е запишан во нашата историја

115 години успех

vdf

Почетоци

Luis Renault многу рано стана свесен за важноста на спортските достигнувања во развој и угледот на марката. На 24 Декември 1989 година тоа го докажа со првата голема иновација, директен пренос на брзини. Неговиот модел Voiturette Tip A прв се качил на Montemarte низ стрмната уличка Lepic. После овој успех, Renault се сврте кон автомобилските натпреварувања каде забележа неколку победи на Grand Prix. Renault Tip K опремен со првиот мотор дизајниран од Renault победи на трката Париз-Виена 1902 година.
Првата светска војна ги запре автомобилските натпреварувања во Европа. Меѓутоа Renault уште долго остана надвор од автомобилскиот спорт. Дијамантската марка повторно се прослави во 1920 година со инпресивниот Renault 40CV. По освојувањето на релито Monte-Carlo 1925 година следеа бројни рекорди во тоа време.
ојх

Пристигнување на Гордини

Во 1958 година за шеф на оделот за автомобилски спорт беше поставен италијанскиот конструкстор Amede Gordini. Така е роден легендарниот Renault 8 Гордини. Тој стана симбол на успех на една цела генерација на возачи. Голема популарност на овој автомобил е постигната со освојувањето на купот натпреварот Renault 8 Гордини со што е родена серија трки на еден од моделите.

Моделот Renault 12 Гордини е лансиран во Јули 1970 година каде учествува на приредбата G-Day. Единствена атмосфера на овој настан продолжува и денес со серијата World Series by Renault. Истовремено дебитираше и формула Renault со прв болид во кој е вграден мотор од Renault 12 Гордини. Франција беше домашќин на првото првенство на формула Renault во 1971 година.
c ds

Превземање на Алпина

Во 1973 година Renault стана мнозински сопственик на Алпина, мал француски производител кој беше формиран од Jean Redele со кого марката имаше долгогодишна соработка. Годината 1973 се покажа како добра за тој модел бидејки Алпина A110 Berlinette го освои првото светско првенство .

Почувствувајте страст за спортот

Нашата историја во Формула1

b

Нашите натпреварувачки почетоци

Нашата историја во автомобилскиот спорт започна со доаѓањето на Гордини, познат по своите болиди за Grand Pix. Renault изгради фабрика во Viry-Chatillon за неговите креации.Со Гордини Renault во почетокот се фокусираше на дволитарски V6 мотор кој е претставен во Јануари 1973 година. Моторот се натпреваруваше во европското првенство на дволитарски спортски автомобили. Потикнат со овој успех, Renault продолжи во FIA светското првенство на спортски автомобили и ја усоврши турбо верзијата на тој мотор.
rf

Наши први чекори во Формула 1

Renault Sport официјално е формиран во 1976 година со лансирање на натпреварувачката програма, болид едносед Формула 2, Спорт Le Mans, потоа Формула 1 во 1977 година. Renault дебитираше во формула 1 со сопствен тим. Марката беше лидер со единствената иновација: турбо погон. Додека неговите конкуренти имаа мотори со природно вбризгување Renault се претстави со V6 турбо погон. Во исто време Didier Pironi и Jean Pierre Jaussaund во 1978 година победија во трката 24 Le Manse со својата Renault-Alpine A442B. Дијаманската марка својата прва победа во Формула 1 ја освои во 1979 година во трката за големата награда на Франција. Со Jean Pierre Jaussaund зад управувачот на болидот RS11.
Во почетокот на 80тите години Renault го освои 15-тото гранд при и второ место на светското првенство во 1983 година со Alan Prost, а потоа на крај на сезоната во 1985 година се повлече од натпреварувањето. Ризикот кој Renault го имаше со турбо моторот во време кога никој не веруваше вистински се исплатеше.
g

Победничко враќање

Во 2001 година Renault се врати во формула 1 со купување на тимот на Benetton кој во 2002 година официјално е преименуван во Renault F1 team. Успесите на новиот Renault F1 team одеа заедно со Fernando Alonso кој со Renault во 2005 и 2006 година ги освои двете светски првенства по ред. Новиот тим ги освои и двете титули на светски конструкторски првак во тој период.
Во 2011 година Renault сакаше да се фокусира на конструкција и производство на мотори со кои сакаше да ги опремува и другите тимови. Renault F1 team е продаден на компанијата Genil Capital. Моторите на Renault го покренуваат Red bull racing тимот до победа на светското првенство со 4 титули за конструктори помеѓу 2010 и 2013 година. Sebastian Vettel влезе во легенда од како стана најмлад четворократен светски првак во историјата на формула 1.
fdv

Попис на нашите победници

Пописот на победниците во формула 1 сеуште не е надминат. 38 години учество во трките Renault беше во прилика да се натпреварува со најдобрите стручњаци во Формула 1. Нашиот попис на победници е ненадминат:12 титули светски првак за конструктори.11 титули светски првак за возачи165 победи во трките213 први стартни позиции, рекорд кој не е поминат до сега.
xas

Почеток на нова авантура

Со воведување на напредни технологии на мотори од 2014 година Формула 1 помина низ вистинска трансформација. Новиот погонски склоп на Формула 1 е спој на архитектура на моторите на претходната генерација со турбо полнење и напредните електрични мотори со различни напредни системи за обновување на енергијата. Потрошувачката е намалена за 40% во слични услови на динамика и перформанси. Продолжуваме да го поддржуваме Red Bull Racing сестрински тим Scuderia Toro Rosso како и Lotus F1 team, но борбата е остра.
После сеопфатната анализа за својата стратегија Renault го најавува своето враќање како конструктор, така во 2016 година повторно се обединува со Формула 1 како официјален инструктор под името Team Renault Sport F1. Посветни најмалку 9 години со цел повторно да се вратиме на врвот.

Натпреварувачки активности на Renault

Renault Sport Series
Последните 10 години Renault Sport Series ги плени возачите, тимовите и медиумите, а пред сè широката јавност. Создаден во 2005 година кога дојде до обединување на Eurocup формула Renault V6 и World Series by Nissan со неколку првенства. Формулата Renault 3,5 и формула Renault 2.0 се најдобри формули за болиди едноседи и потик за многу возачи. Скоро 60% возачи на Формула 1 беа во тимот на Формула Renault. По 9 сезони, 64 трки и скоро 5 милиони гледачи серијата и понатаму реди успех.

Формула е: нашиот нов предизвик

fn

Renault Z.E на услуга на Формула Е

Како светски лидер за возила на електричен погон и со нашата гама З.Е ја искористивме предноста на Формула Е да ја докажеме нашата стручност. Во нашата фабрика за мотори во Viry-Chatillon го развивме еден од нај јаките и технички нај напредните погонски концепти во оваа иновативна технологија.
gte

Од тркачка патека на пат

Првенството кое се одржува во градските центри низ светот е дел од стратегијата на групацијата во поглед на околината. Како иновативен производител на автомобили ја искористивме приликата на ова глобално претставување да го покажеме своето познавање од областа на електричните технологии, иновации што е запишано во ДНК на Renault. Затоа беше сосема природно да се приклучиме на FIA првенството со 100% електрично возило.
jk

Приклучете се на трката. Поддржете ги возачите!

Приклучете се на трката и гласајте за тимот e.dams-Renault. Три возачи со најмногу гласови добиваат дополнителни 100kJ енергија. Вашиот глас може да одлучува.

Тимот на Renault Sport Formula 1

 df

Шасија и извонреден мотор

Формула 1 го зазема самиот врвот на автомобилските натпревари и ја инспирира нашата програма за иновации.
bgf

Renault R.S. 17

Автомобилот кој ќе биде на вистинскиот пат во 2017 година ќе има R.S.17 шасија која беше развиена и произведена во поранешниот тим на Renault F1 во Енстон.
rt

Renault R.E. 17

Автомобилот ги користи предностите на R.E. 17 се разви во фабриката на Renault Sport Racing во Вири-Шатијан.
vfd

Искусен тим

Jolyon Palmer

Една година по освојување на трето место во Естонија, возачот на Lotus F1, Jolyon Palmer сега ќе дебитира во F1 со Renault Sport Formula 1. Исчекор кон F1 е најнов напредок на Palmer. Крунисан е за првак на серијата GP2 2014 година, стана прв британски возач по Lewis Hamilton, кој е освојувач на оваа серија, идеален полигон за подготовка за F1.
gte

Искусен тим

Nico Hülkenberg

Nico Hulkenber на тимот на Renault Sport F1 му се приклучи со импресивни резултaти на тркачките стази. Подемот во F1 и славата ја бележи во 2010 година кога се стекна со титула во категоријата Formula BMV, A1GP и Gp2. Nico го освои првото место во првата сезона во елитната категорија. Во трката 24 часа La Mans 2015 година прв пат учествуваше и го освои првото место со Porsche.
iko

Искусен тим

Sergey Sirotkin

Sergey Sirotkin е унапреден во резервен возач, и во 2017 година продолжува да соработува со тимот на Renault Sport Formula 1. На место пробен возач поминува во 2015 година по добрта сезона во GP2, во која го освои третото и стана рамноправен член на нашиот тим за F1. Sergey во сезоната 2017 се натпреварува во сите Grand Prix трки.
koo

Нашите главни партнери

Партнерство со INFINITI и Castrol

INFINITI како врвен производител на автомобили е наш технички партнер од почетокот на сезоната 2016.
Оваа година донесовме храбра одлука за промена за добавувачот на масла. Castrol со нас се враќа во Формула 1 на голема врата.

Серија Renault Sport, наши натпреварувачки активности

vs

Формула Renault

Од 16 - та година нашите млади и надежни возачи на спортски автомобили се соочуваат со автомобилскиот свет. Потребно е да знаат како функционира натпреварувачки автомобил, како да ги извлечат најдобрите перформанси и како да го поднесат натпреварувачкиот притисок. Во школото за формула Renault брзо го учат основниот занает за управување со едносет опремен со дво литарски 16V мотор кој испорачува 210KS и 7 брзински секвенцијален менувач како и контрола врз управувачот. Старата поговорка која кажува дека едната сезона е потребна за учење, а другата за победа, денес делува малку застерено. Школата Формула Renault е формирана пред 40 години, секогаш беше подготвена да ги исполни променливите потреби на возачи на картинг или други дисциплини. Бидејки просечната старост за почеток на кариерата во Формула 1 е намалена, должината на обука е намалана исто така. Формулата Renault е вистинско школо за возачи на едносед и многу брзо ги открива младите возачи и нивниот талент.
fvs

Renault CLIO Cup

Љубителите на трки ќе уживаат во Clio купот. Од лансирањето на легендарниот куп R8 Gordini во 1966 година, Renault Sport континуирано е присутен на тркачките патеки во Европа и светот но ние не сакаме тука да запреме. 2017 - та продолжуваме да остваруваме успеси и организација на 8-мото национално натпреварување Renault Clio Cup: Франција, Англија, Италија, Шпанија и земјите од Бенелукс, Скандинавија, Средна Европа и Кина.По неколку илјади продадени возила од 1991 година 4-тата генерација на Renault Clio Cup ги докажа своите перформанси, сигурност и пристап. Renault Clio Cup ги наследи сите предности на Clio RS 200EDC со 1,6L турбо мотор со директно вбризгување кој развива 220KS со постојан вртежен момент од 270Nm, секвенцијален менувач и контрола на управувачот. Доволно за дополнителна стимулација и подобри перформанси.
v fd

Renault CLIO R3T Trophy

Во 2017 година тимовите ќе имаат прилика да учествуваат во националното првенство во 4 зони во Европа: Франција, Алпи, Италија и Либерија. Со техничката поддршка која е достапна на сите натпреварувачи Renault Clio R3T Trophy им овозможува на возачите солидно искуство. Clio R3T ги открива своите механички предности и ексклузивна предна и задна осовина. Новите амортизери со прилагодување и други можности кои на возачите им овозможуваат да ја пронајдат рамнотежата која ќе им овозможи да бидат конкурентни на секакви терени. Опремен е со секвенцијален менувач со 6 брзини, турбо моторот со директно вбризгување од Clio RS, а наскоро и контрола на управувачот. 1,6L 200 EDC помина низ посебна обработка. Испорачува перформанси без конкуренција со 242KS и вртежен момент од 480Nm.

Нашите електрични технологии развиени за тркачки траки

Наша електрична стручност

Од посветеност на Формула Е до гама Z.E

Наша гама Renault Z.E


Како лидери во автомобилските спортови и пионери на возила со електричен погон, секоја година ја обновуваме нашата посветеност на Формула Е. Најнапредната технологија за 100% електрични едноседи придонесува да ги подобриме максимално нашите стандардни електрични возила.

Нашите технологии кои се користат во натпреварувања

Нашите спортски технологии

бфд

Контрола на движење

Со карактеристиката на контрола на движење која е претставена на возилото CLIO R.S. 200 EDC тргнува како "топовска кугла" Овој електричен систем на управување, управува со допирот на пат и го спречува пролизгувањето на тркалата што ви е на вртежниот момент на моторот.
гре

Повеќе пати менување на степенот на пренос

Преку рачката на менувачот можете да ја намалите брзината за неколку степени со што на секое движење ќе ја користите најпогодната брзина. Оваа технологија е достапна на возилата Clio RS и Megane GT и овозможува неспоредливо чувство.
х

R.S монитор

Инспириран од системот за собирање на податоци кој се користи во натпреварувачките возила R.S мониторот ги собира сите податоци кои ги пренесуваат сензорите на автомобилот. Вртежниот момент и сила, притисок на сопирачките, температура на масло, агол на управување и итн. На контролната табла прикажува до 14 податоци.Сите тие податоци може да се користат на компјутер и споредат со референтните вредности на главната патека.
цвс

Систем на независна предна суспензија на осовината и управувачот

Системот за независна предна суспензија на управувачот повторно почна да се употребува во најсилните модели RS.За разлика од системот за предна суспензија MacPherson овој систем овозможува потполно одвојување на осовината од управувачот од пригушницата. Овој притисок спречува заклучување на тркалата во остри свиоци и го подобрува управувањето со големи брзини.
бд

Револуционерна турбо технологија

Оваа технологија за прв пат е употребена во 1977 година за Формула 1, а моментално се користи во повеќе модели RS и GT.
Од 2014 година турбо технологијата се враќа и во Формула 1. Дополнителната сила и ефикасност што оваа технологија ги овозможува се еден од факторите кои влијаат на намалување на емисијата за 40% при слични перформанси.