опрема

КАБИНА, ПРИЛАГОДЕНА НА ВОЗАЧОТ

Кабина погодна за возачот, практични прегради за складирање и мобилна канцеларија. Комфор при работа што ја оптимизира вашата продуктивност.

МОБИЛНА КАНЦЕЛАРИЈА

мобилна канцеларија - Renault Master
ПРАКТИЧНО, ПОГОДНО И ЕФИКАСНО
Создадете мобилна канцеларија* прилагодена на вашите потреби. Потпирачот за грб на средишното седиште се преклопува во маса: држач за лаптоп со простор за пенкала и паметен телефон, како и двоен држач за чаши. Има и затворена преграда за безбедно складирање на опремата за време на патувањето.

*достапно како опција во зависност од верзијата

ИНСТРУМЕНТ ТАБЛА

Инструмент табла - Renault Master
управување на дофат на рака
Дизајнот насочен кон возачот го подобрува искуството во возењето благодарение на новата инструмент табла во форма на S што го олеснува пристапот до контролите.

ЕРГОНОМСКИ СЕДИШТА

ергономски седишта - Renault Master
удобност и издржливост
Седиштата на целосно новиот Renault Master се прилагодуваат на сите видови употреба: возачкото седиште се прилагодува во 6 позиции* со поконтурна форма за оптимална поддршка. Навлаката е зајакната на делови кои се изложени на поинтензивна употреба за да се продолжи животниот век.

*достапно како опција во зависност од верзијата

135 L СКЛАДЕН ПРОСТОР

Со девет простори за складирање со вкупен капацитет од 135 литри, целосно новиот Renault Master е меѓу водечките возила. Затворени прегради на инструмент табла, прегради за складирање, преграда за ракавици, простор под совозачкото седиште.

ПОВЕЌЕ ЗА НОВИОТ МАSTER

.

Фотографиите на веб-страницата  www.renault.mk  се симболични и служат исклучиво за информативни цели. Сите податоци и информации дадени на веб-страницата и во документите се привремени и предмет на промена. Го задржуваме правото на грешки во текстот.

Поради последиците од глобалниот недостиг на полупроводници, некои елементи на опремата прикажани на веб-страницата и во брошурата моментално не се достапни. Во сегашните услови, тешко е да се предвиди достапноста на специфичните елементи на опремата, кои можеби не можат да се добијат во конкретниот случај поради глобалниот недостиг на полупроводници. За најнови информации обратете се до најблискиот овластен застапник.


Откријте ги другите модели на RENAULT