Trafic

МОТОРИТЕ НА ВОЗИЛОТО TRAFIC

Практично Blue dCi 110

Моторот Blue dCi 110 е најдобриот практичен избор. Тој 2-литарски турбо мотор е поврзан со 6-брзински мануелен менувач и развива вртежен момент од 300 Nm. Опремен е и со системот Stop & Start и користи AdBlue® технологија, која е совршена за заштеда на гориво и намалување на емисијата на штетни материи, сето тоа по најдобра цена.
Ефикасно Blue dCi 130

Овој турбо мотор AdBlue® од 2 литри е комбинација на ефикасност и уживање во возењето со уште поимпресивни вртежен момент од 330 Nm. Сега е достапен со 6-брзински мануелен менувач. Неговата технологија Stop & Start ви овозможува да ја ограничите потрошувачката на гориво кога моторот се рестартира.
Сестран Blue dCi 150

Достапен како EDC


Овој 2-литарски турбо мотор комбинира удобност и одзив со вртежен момент од 350 Nm. Изберете 6-брзински мануелен менувач или 6-брзински автоматски EDC менувач со двојна спојка за максимално уживање во возењето. Двете верзии се опремени со системот Stop & Start кој ви овозможува да ја оптимизирате потрошувачката на гориво. Во комбинација со AdBlue® технологијата тој ви обезбедува одговорно и енергетско ефикасно возење додека истовремено ги намалува емисиите на CO₂.
Високи перформанси Blue dCi 170

Достапен како EDC


Неговиот вртежен момент од 380 Nm и 170 КС ви гарантира поголемо задоволство при возењето и одзивност во сите ситуации. Изберете ја автоматската верзија со 6-брзински EDC менувач со двојна спојка, дизајнирана да ги комбинира сите предности на автоматскиот и мануелниот менувач. Или изберете ја 6-брзинската рачна верзија за подиректно возење. Можете исто така да ја ограничите емисијата на штетни материи користејќи ја интегрираната AdBlue® технологија, како и да ја намалите потрошувачката на гориво преку системот Stop & Start.

ОТКРИЈ ПОВЕЌЕ ЗА TRAFIC VAN

.

Фотографиите на веб-страницата  www.renault.mk  се симболични и служат исклучиво за информативни цели. Сите податоци и информации дадени на веб-страницата и во документите се привремени и предмет на промена. Го задржуваме правото на грешки во текстот.

Поради последиците од глобалниот недостиг на полупроводници, некои елементи на опремата прикажани на веб-страницата и во брошурата моментално не се достапни. Во сегашните услови, тешко е да се предвиди достапноста на специфичните елементи на опремата, кои можеби не можат да се добијат во конкретниот случај поради глобалниот недостиг на полупроводници. За најнови информации обратете се до најблискиот овластен застапник.


Откријте ги другите модели на RENAULT