ОДРЖУВАЊЕ НА ЦЕЛОСНИ ХИБРИДНИ ВОЗИЛА RENAULT E-TECH

СТАНДАРДНО ОДРЖУВАЊЕ
Бидејќи погонската батерија на целосното хибридно возило E-Tech не бара посебно одржување, распоредот за одржување на хибридно возило не се разликува многу од распоредот за одржување на возило со термички мотор.
ПОНИСКИ ТРОШОЦИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ
Благодарение на можноста за наизменично активирање на различни типови погони, потрошните делови на бензинскиот мотор се користат поретко и затоа траат подолго. Според тоа, стандардните поправки и замените на деловите на термичкиот мотор се случуваат многу подоцна во животот на возилото.
ЕКОСИСТЕМ НА ПОВРЗАНИ УСЛУГИ:
Со дигиталните и поврзаните услуги што ги нуди Renault, одржувањето на целосното хибридно возило Renault E-Tech е сосема едноставно!
ПАМЕТНО ОДРЖУВАЊЕ
Вашето возило ќе ви насочи што е потребно. Паметното одржување ви овозможува да предвидите каков било дефект или замена на потрошни делови и навремено да закажете состанок со сервисен техничар.
RENAULT HELP
Услугите за помош на пат на Renault се достапни бесплатно за време на гарантниот период на Renault. Renault Road Assistance ви овозможува:
  • поправки на лице место каде што е можно или влечење на возилото до најблиската овластена работилница на Renault.

ВАШИ ПРАШАЊА ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ХИБРИДНИТЕ ВОЗИЛА

ДАЛИ ХИБРИДНИТЕ ВОЗИЛА СЕ ПОСКАПИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ?
Не, напротив! Хибридните возила се познати по тоа што не бараат често одржување. Постојат две причини за ова:
  • електричните мотори не бараат посебно одржување
  • термичкиот мотор се користи во помала мера и содржи помалку потрошни делови.
ДАЛИ СЕРВИСЕРИТЕ НА RENAULT СЕ ЕДУЦИРАНИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ЦЕЛОСНИ ХИБРИДНИ ВОЗИЛА E-TECH?
Мрежата на Renault има повеќе од 30.000 вработени во Европа, специјално обучени за одржување на E-Tech целосни хибридни возила. Затоа, можете да бидете сигурни дека вашата локална сервисна работилница или концесијата на Renault лесно ќе ги елиминираат сите тешкотии во работењето на термичкиот или електричниот систем на возилото.

откријте

E-Tech 100% elctric - Renault
Повеќе за E-Tech технологијата
Богата понуда која вклучува по нешто за секого!
E-Tech plug-in hybrid - Renault
Austral E-Tech full hybrid
Контролирајте ја технологијата. 
Превземи контрола.