Renault Grand SCENIC

Карактеристики

Повторно почувствувај го задоволството на патувањето

Повторно почувствувај го задоволството во возењето

Комфор со седум седишта

Сместете се во комфорните седишта. Нивната пена со двојна густина дава удобно седење и цврста потпора. Оптимална удобност и прилагодување, како и масажна функција напред овозможена со 8 електрично подесување.

Комфорна кабина

Централната конзола Easy Life или задното подвижно седиште со паметна модуларна опрема во новиот Reanult GRAND SCENIC дозволува сами да ја дефинирате конфигурацијата во кабината.

Ветробранско стакло

Со троделно ветробранско стакло новиот Renault GRAND SCENIC има панорамски поглед на патот. Сега ништо нема да ви недостасува.

Доживејте иновација

Технологија MULTI-SENSE

Прилагодете ги параметрите во новиот GRAND SCENIC  со своето расположение преку MULTI-SENSE технологијата. Во сосема персонализирано чувство, MULTI SENSE ви овозможува да од пет можни режими на работа го одберете посакуваниот амбиент и начин на работа.

Head-Up екран во боја

Со екранот во боја Head-Up во видното поле ги имате сите потребни информации. Брзина, GPS навигација или помош при возење, како и сите параметри потребни за безгрижно возење.

Easy Park Assist

Маневрирањето никогаш не било полесно! Со Easy Park Assist, опремен со задна камера и 12 сензори за лесно паркирање потребно е само да управувате со гас и педали.

Доживејте го искуството 2.0

Таблет чувствителен на допир R-LINK 2

Со само неколку кликови управувајте со сите технологии во новиот Renault GRAND SCENIC. Преку екранот на допир со голем формат од 8,7 инчи можете да ги поставите потребните параметри; помош при возење, навигација до сакана дестинација, телефонирајте или праќате е-маil со својот глас. Секој возач може да ги сочува своите подесувања, омилени апликации или дестинации со 6 можни персонализирања на профил.

Bose Surround аудио систем

Инженерите на Bose и Renault заедно работеа на Surround звукот во новиот GRAND SCENIC. 13 висококвалитетни звучници идеално распоредени во кабината го трансформираат новиот GRAND SCENIC во голем аудиториум. Преку централниот звучник, гласовите и инструментите се репродуцираат реално и со финеси. Surround звучниците во комбинација со технологијата Bose Surround даваат звук со единствена импресивна димензија.

Возете безгрижно

Нужно активно сопирање со забележување на пешаци

Пешак кој ненадејно претрчува преку улица за да го фати автобусот? Бидете безгрижни. Новиот Renault GRAND SCENIС може да детектира пешаци и да ве предупреди во случај на опасност. Тој може сам да сопира доколку постои непосредна опасност од судир, а при тоа вие ништо да не превземете.

Асистенција за задржување на возилото во сообраќајната лента

Сообраќајна лента ја напуштате, а да не сте свесни за тоа? Новиот Renault GRAND SCENIC ја детектира линијата за разделување на сообраќајните ленти и ве враќа во вашата.

Предупредување и детектирање замор

Повеќе не трeба да ве плаши монотонијата на долгите патувања по автопат. Алгоритамот ја анализира вашата патека на движење во реално време и ве прeдупредува доколку забележи било каква аномалија поврзана со замор.

Прилагодете ја внатрешноста

Направете го патувањето поедноставно

One-Touch инстант

Треба да превезете долги или големи предмети? Многу едноставно со новиот Renault GRAND SCENIC. Оборете ги седиштата со едноставно притискање и добивате рамен под и максимален волумен на багажниот простор.

Лизгачка конзоила и фиока Easy Life

Култна опрема во новиот Renault GRAND SCENIC е лизгачката конзола  Easy Life  од 13 L зафатнина која може да ги собере сите секојдневни ситници и ви овозможува да го организирате просторот по желба. Фиоката Easy Life од совозачката страна има 11,5L.  

Таблет Easy Life

Со масичката со еластичен држач Easy Life патниците позади може да ги користат своите паметни мобилни телефони или таблети на допир. Преку USB приклучокот зад централната конзола може да ја полните својата мултимедијална опрема.

Цени и спецификации


Дали сте подготвени да ве заведе Grand SCENIC?