Историја за марката Renault

Историја за марката Renault

Историја и култура
Назад
 
 
 


Пред вас е историски преглед на нашата марка од 1898. година па сè до денес. Величенствената Renault индустриска авантура ги опфаќа историските модели, спортски достигнувања, харизматични луѓе и иновации кои го сменија авомобилскиот свет.
2013. - Renault  оформува претпријатие во Кина


Renault со кинескиот производител Dongfeng потпиша спогодба за заедничко инвестирање и го оснива друштвотo Dongfeng Renault Avomotive Compamy ( DRAC ).Со таа спогодба се ставени темели за изградба на фабрика во Wuhan.


2012. - Clio IV  е претставен на саемот на автомобили во Париз

Clio IV  инспириран од концепт автомобилот  Dezir е прв автомобил создаден согласно  новиот Renault дизајн.


2010. - Претставување на концептниот автомобил Dezir

Концептниот автомобил Dezir  е претставен на саемот на автомобили во Париз како нова Renault дизајнерска стратегија под водство на Laurens van den Acker. Овој модел претставува прво  ливче во цветот на животниот љубовен циклус.


2008. - Renault превзема 25% од удели во друштвото Avtovaz

 На 29 Февруари Renault превзема 25% од удели во друштвото Avtovaz, водечки Руски производител на автомобили во чии рамки е и Lada.


2007. Renault ја прошири палетата на модели Logan и го претстави новото Twingo и новата Laguna

2000. -  Формирање на друштвото Renault Samsung Motors

После Dacia, Renault ги превзема 70,1% од уделот во друштвото Samsung Motors и ја формира подружницата Renault Samsung Motors, која и денес произведува и продава автомобили во Јужна Кореа.


1999. - Renault ја превзема Dacia.

Renault vo 1999 година со 51% удел стана мнозински акционер на романската марка Dacia. Во тој период главниот модел на марката Dacia, Dacia 1310 чија продажба започнала во 1966 година се викал само Dacia.


1999. - Потпишан е договор за соработка помеѓу Renault и Nissan

Renault и Nissan потпишаа договор за соработка со заедничка сопственост - Renault превзема 36,8% удели во Nissan - во заедничко усовршување и производство. Така е родена алијансата Renault и Nissan.



1998. - Отворен Renault технолошки центар во Guyancourt во Франција

Технолошкиот центар во францускиот Guyancourt е отворен на 100 годишница од постоење на марката Renault. Новиот центар е направен така да ги поврзе исте кои поработуваат во дизајнерски и технички сегменти на развојот на новите модели.


1992. - Претставување на новиот Twingo

Twingo беше права сензација на саемот на автомобили во Париз. Шармантниот преден дел кој потсетува на жаба и модерен дизајн, спој на доставен и градски автомобил, новиот модел беше право изненадување, а потоа се докажа и како исклучително популарен автомобил. Со комбинација на зборовите Twist, Swing i Tango, Twingo се насочи кон младите и во почетокот беше достапен само во минимални верзии (на почеток само 4 бои). Втората генерација на Twingo која почна со продажба во Јули 2007 година го замени Twingo 3 во 2014 година. Авантурата продолжува...


1992. - Почнува продажбата на моделот Renault Safrane

Safrane кој е замена за Renault 25, беше луксузен модел се до крајот на производството во 2000 година.





1992. - iams Renault станува конструкторски првак на F1

Со 15 први стартни позиции и 10 победи од кои 6 пати прво стартно место и победи остварени во иста трка во 16 трки. Wiliams Renault во таа година стана конструкторски светски првак, а Nigel Mensell титула за најдобар возач. Моторите на Renault беа непобедливи и во следните 6 сезони. 


1992. -Затворање на фабриката на островот Seguin

Производството во историската фабрика во Париз на островот Seguin во предградието Boulogni-Billancourt за секогаш престана со производство на 21 Март 1992 година.


1984. - Renault Espace прв моноволуменец на светот


Претставување на моделот Espace доби големо одобрување во медиумите. Меѓутоа никој не се надеваше на таков успех. Нокој до тогаш не понудил толку голем и прилагодлив автомобил. Со 5 сосема прилагодливи задни седишта  кои може да се свртат и направат впечаток на дневна соба. Espace ги изненади купувачите ширум светот.


1972. - Раѓање на класиката - Renault 5Новиот градски автомобил со краток преден дел и 3 врати кој е замислен за млади девојки ги смени навиките на возачите. Внатрешноста е дизајнирана во стил на седумдесетите со живи бои и украсни елементи со коцкаст облик. Во првата година на продажба Renault 5 остварил 5% од Францускиот пазар, а три години подоцна стана европски автомобил на годината. Повеќе од 10 години беше на врвот на компактни автомобили во Франција па ширум светот е продаден во повеќе од 5.325.000 примероци. Денес R5 има посебно место во историјата на класични возила во стората половина на 20тиот век, заедно со Спачек, Буба и Цитроен ДС.





1965. - Renault 16 автомобил на годината

Renault 16 чие производство започнало во Јануари 1965 година, беше прв фамилијарен автомобил. Автомобилот прво беше критикуван како преавангарден, но неговиот успех набрзо се проширил. Renault 16  пола караван и пола лимузина е замислен како возило на иднината. Несекојдневниот облик набрзо почнаа да го копираат и конкурентите. Renault 16 произведен во новата фабрика во Sandouville е продаден во скоро 2 милиони примероци.


1961. - Почеток на продажба на Renault 4, прв културен феномен

Renault 4L, прв "автомобил за живот", беше резултат на брлијантна идеа да се создаде повеќенаменски автомобил со кој може да отидете било каде и во било кои услови. Тој модел со 5 врати е претставен во 1961 година. Багажниот простор беше прилагодлив со преклопување на задната клупа, со што автоматски можеше да се претвори во доставно возило. Фантастично! Renault 4 е произведен во повеќе од 8 милиони примероци и извезен во повеќе од 100 земји прет да ја заврши кариерата, на 21. Декември 1994 година.


1959. - Почеток на продажба на Estafette

Renault во 1959 година започна со продажба на моделот Estafette, својот прв автомобил со погон на задните тркала. Половина од произведените автомобили беше наменета за извоз претежно во USA.


1956. -  Почеток на продажба на Dauphine

Моделот Dauphine повеќе е наследник одколку замена за моделот 4CV. Идејата за наследство и се гледа од името Dauphine, кој на француски значи "престолонаследничка". Новиот модел внесе свежина со современата опрема на тоа време, како седишта со подесување, функција за греење и автоматски менувач. Заоблените линии на каросеријата беа во согласност со автомобилскиот дизајн на 60тите години од минатиот век. Кариерата на моделот 4CV е завршена во Декември 1967 година. Со 2.150.738 продадени примероци ја доби титулата најпродаван француски автомобил.


1946. -  Почеток на продажбата на моделот 4CV

Моделот 4CV е претставен на октомврискиот саем за автомобили во Париз. Тој е прв кој имаше мотор во задниот дел и прв француски автомобил произведен во повеќе од 1 милион примероци. Развиен е во тајност за време  на втората светска војна, тежеше само 560кг со многу мала потрошувачка на гориво и можеше да превезе само 4 лица. Произведен е во повеќе верзии, од многу штедливо сервисно возило до привлечни модели Convertibile и Sportive 1063. Се продаваше со USA, а се произведуваше и во Јапонија.


1929. - Отворена е фабрија на островот Seguin

Renault Renault ја отвори фабрината на островот Seguin во париското предградие Boulogne-Billancourt. Фабриката произведуваше модел со 8 цилиндри Reinastella. Марката тогаш беше присутна во 49 земји.


1924. - Логотипот на Renault добива облик на ромб

1914. -  Нарачката на 1000 автомобили за "такси на долината Marne"

Францускиот министер за одбрана го повика Renault да соработува во војната и му го додели 31виот договор, за да произведува возила за прва помош, авио мотори и муниција. Renault taxi на фронт има превезено околу 4000 луѓе, а во историјата го паметиме како "такси на долината Marne".


1905. - Фабриките Renault воведоа сериско производство

Фабриките Renault vo 1905 година, воведоа сериско производство. Во текот на првата сведска војана, војното претпријатије произведуваше камиони, носилки, возила на итна помош, муниција и познатите текнкови FT17 кои во голема мера придонесоа за конечна победа.


1902. - Прв мотор со два цилиндри

Renault Renault го конструираше првиот двоцилиндерски мотор од кој понатаму настанал и моторот со 4 цилиндри кој беше вграден во Voiturette, автомобил кој со Марчело во Renault освои 3 победи во трката Париз-Виена.


1898. - Основање на фирми

 Luis Renault и неговите браќа во 1898 година оформија сопствена фирма. Набрзо стануваат популарни по авто трките во кои нивните возила редат победи.