Алијанса Renault-Nissan

Алијанса Renault-Nissan

Алијанса Renault-Nissan
Назад
 
 
 

Алијанса Renault-Nissan

Од 1999 година, кога е основана , Алијансата Renault - Nissan ( Renault-Nissan Allijance ) стана најцврста, најдолга постоечка мултикултурна врска помеѓу големите светски производители на автомобили. Тоа е единствено партнерство кое е прагматично деловно решение способно да се прилагоди на новите прилики на светската автомобилска карта и заеднички да развивa нови проекти и создава нови партнерства ширум светот.Последните деловно напорни години, Алијансата стана амортизер што партнерите ги штити од негативни регионални трендови на општиот пад на продажба во некои подрачја со пораст во други растечки пазари. Во таа врска Renault и Nissan го надминаа традиционалното меѓусебно ривалство и ги обединија силите во заедничка цел: раст на глобално ниво. Заедно Renault и Nissan се една од најголемите автомобилски групи во светот. Врз основа на меѓусебната размена на сопственичките удели и заедничките интереси Алијансата со успех ја максимизира синергијата без негативни последици за идентитет на оделни марки на Алијансата. Денес многу производители на возила тежнеат за партнерство какво што во 1999. ја започнаа токму Renault Nissan.