Бескрајно снаодлив, Новиот TWINGO ќе биде вашиот совршен сојузник за уживање во градот.
автоматски менувач EDC со двојна спојка
Автоматскиот менувач со двојна спојка EDC, единствен избор на пазарот за мал градски автомобил овозможува непречено лесно менување на брзините. Задоволство во возењето без никакви попречувања!
мултифункционален волан
Гласовно препознавање, регулатор - ограничувач на брзината ... Едноставно и лесно пристапувајте им на сите сите функции во вашиот мал градски автомобил само преку мали едноставни движења на рацете на воланот.
променлив серво управувач
Овозможува брзо да се постигне максималното вртење на тркалата. Помалку напор за поголема мобилност!
клима уред
Клима уредот Ви овозможува да одберете идеална температура! Интегрираниот филтер во кабината Ве штити од надворешните загадувачи.
платнен подвижен кров
Со подвижниот платнен кров, овозможете му на вашето возило гламурозен изглед и уживајте во сите пејсажи како и сончеви зраци.
помош при тргнување по нагорнина
Нема потреба од загриженост доколку се движите по нагорнина ... Благодарение на помошта која ја овозможува притисокот на сопирачката, со движењето по нагорнина сопирачката се притиска за неколку секунди и ќе Ви овозможи доволно време за мирно да продолжите понатаму.
ИСКУСТВО ВО ВНАТРЕШНОСТА
...и уживајте во неговиот практичен ентериер ...
Погоден и практичен пристап како и можност за товарење на гломазни предмети...
волумен
Едноставно, поставете сè што Ви е потребно во багажник од 219 dm3. Со спуштено и преклопено задно седиште, добивате рамен под и 980 dm3 максимален волумен
транспорт на предмети со поголема должина
Новиот TWINGO е компактен со простран ентериер. Едноставно, транспортирајте ги вашите предмети дури и со должина до 2,3 m така што ќе го преклопите задното седиште како и предното совозачко седиште.
паметно создадени места за складирање
Мрежа на задните седишта, кутијата за складирање на задната врата, централната конзола помеѓу предните седишта, затворен простор за складирање на средината, кутијата за ракавици или текстилната торба, панел за багажникот... Новиот TWINGO размислуваше за сите ваши секојдневни мали ситници.
Renault EASY CONNECT И ТЕХНОЛОГИЈА
...на дофат на рака...
Пристапете до сите функции на вашиот паметен телефон и новиот TWINGО со лесна употреба со Renault EASY CONNECT. Останете поврзани и заштедете време за вас или за вашите деловни активности.
EASY LINK
Интуитивниот и ергономскиот 7 "екран чувствителен на допир, Ви овозможува голема удобност при неговото користење. Со новиот мултимедијален систем EASY LINK, ќе ги имате сите апликации Android Auto ™ и Apple Carplay ™ кои ќе Ве поддржат за време на вашите патувања.
Радио Конекција R&Go
Преземете ја апликацијата R&Go и уживајте во мултимедијалниот свет директно на вашиот паметен телефон: безбедно остварувајте повици додека возите, слушајте текстуални пораки. Едноставно пронајдете ја локацијата преку вашиот нов TWINGО или препуштете WAZE да Ве води. Во случај на дефект, R&Go Ве води до Renault Assistance само преку еден клик.
новиот TWINGO, совршен партнер за возење низ град!
.
помош при паркирање и камера за возење назад!
Новиот Twingo е создаден за градот: со сензори за паркирање и ретровизорски фотоапарати, паркирајте на мали места, без страв од гребнатини. Исто така, уживајте во поглед со широк агол н а целото подрачјето зад вашето возило кое благодарение на камерата со поглед на задниот дел, се прикажува на екран од 7 ".
сензори за дожд и светлина
На ист начин, вашите бришачи автоматски ја активираат и прилагодуваат брзината на бришење во зависност од интензитетот на дождот.
светла за магла со функција на вртење
Тие ја подобруваат видливоста во кривините и пресеците, со осветлување на патот од страната на која се движите.
СИГУРНОСТ
...возете безгрижно, вие сте во потполна безбедност.
Новиот TWINGO ја следи вашата безбедност.
предупредување за ненамерна промена на лентата
Со брзина над 70 км на час, овој систем Ве предупредува ако случајно сте преминале полна или испрекината линија. Визуелното и звучно предупредување придонесува за безбедно возење и Ве спречува да излезете од патот.
систем за контрола на притисокот во гумите
Со новиот TWINGО, вашите гуми се под контрола! Во случај на пробивање од некаков предмет или недоволен притисок, ќе бидете веднаш известени, преку инструмент таблата.
регулатор или ограничувач на брзината
Прилагодете го темпото или максималната брзина. Контролите на воланот Ви овозможуваат да ги прилагодите параметрите за неколку моменти. Едноставно и ефикасно решение за безбедно возење.
контрола на стабилноста (ESC)
Во случај на губење на вниманието, системот за контрола на динамичката стабилност (ESC) помага да се контролира траекторијата на вашиот градски автомобил и спречува пренасочување од патот.
пасивна безбедност
Новиот TWINGO е опремен со предни и странични воздушни перничиња и затегнувачи на безбедносните ремени со ограничувач. Воздушното перниче за совозачот може да се исклучи, овозможувајќи Ви да поставите седиште за бебе. Светлото на инструмент таблата Ве информира дали опремата е активна или не.
... и понесете сè што сакате, каде и да посакате...
Дополнителна опрема, која му овозможува на новиот Twingo бројни транспортни решенија.
носач Quick-fix за задниот дел од возилото
Ваквиот начин искористете го како алтернатива за приколка, Ви овозможува да при качите носач за велосипед на вашиот мал градски автомобил кој воедно нема хомологација за приколка.
алуминиумски кровен држач
Идеален за монтажа на кровен држач за велосипеди, ски- држач или кровен куфер. Зголемете го капацитетот на оптоварување на вашиот нов TWINGО .
кровен куфер
Практичен и робустен, го зголемува обемот на товарење на вашиот мал градски автомобил. Неопходен за патување, без компромис!
Ефективно заштитете ја бојата на вашиот нов TWINGО од мали удари или гребнатини.
премиум патосници
Создадени по мерка, тие се закачуваат едноставно, со два безбедносни клипови и не се мешаат со педалите. Совршена заштита на подот.
постава за багажникот
Лесна за одржување и прилагодување во вашиот нов TWINGО, гарантира трајна заштита на тој дел од просторот. Двострана обвивка од текстил-гумена облога, која се прилагодува на обликот на сето она што сакате да го транспортирате.
Естетските и функционални додатоци совршено одговараат на новиот TWINGО .
индукционен полнач за паметен телефон
Едноставно наполнете го вашиот паметен телефон преку поставениот држач за полнење кој се наоѓа во празната централна фиока.
преден потпирач за рака
Ја подобрува вашата удобност при возење и обезбедува дополнително складирање.
држач за паметни телефони
Мал и дискретен, со магнетски систем кој Ви овозможува да го фиксирате вашиот телефон со само еден потег на вентилационите отвори во овој мал градски автомобил.