Renault KANGOO

Карактеристики

Комфортен

Удобност

Камера за возење назад

Renault KANGOO ги олеснува вашите движења! Благодарение на сликата на внатрешниот ретровизор или на екранот на навигаторот R-LINK, ќе Ви биде овозможена одлична слика за задниот дел на возилото.

Радар за возење назад

Паркирајте се без да се плашите дека лошо сте го процениле просторот зад вас. Системот за помош при паркирање Ве известува за можни пречки со повторување на кратки звуци, како што се намалува просторот зад вас, така фрекфренцијата на кратки звуци се зголемува.

Регулатор-ограничувач на брзина

Поставете ја брзината на движење или максималната брзина без да ги држите очите на вашиот метар. Се пушта само со едно притискање на контролите на воланот на ограничувачот на брзината и вртењето.

Еко режим

Намалување на потрошувачката и испуштањето на јаглерод кај Renault KANGOO е многу лесно. Доволно е само да го притиснете соодветното копче за да го активирате овој режим. Овој режим може дабиде активиран и да функционира постојано.

Сензор за дожд и за светлина

Сместени на шофершајбната на ниво на внатрешниот ретровизор овие сензори автоматски ги активираат фаровите на автомобилот при губење на надворешна светлина и ги активираат брисачите во случај на дожд.

Регулирана климатизација

Одредете ја температурата што ја посакувате и регулирајте ја вентилацијата. Благодарение на регулаторната климатизација на Renault KANGOO секогаш ќе патувате во најдобри услови.

Складирање

Складирање на инструмент таблата

Лесно достапно, на ова практично место може да го ставите вашиот смартфон и се што сакате да имате при рака.

Џебови и авијациски полици

Сместени на задната страна на предното седиште, џебовите и авијациските полици ви овозможуваат лесно да складирате книги, тетратки и списанија.

Мрежа за багажниот простор

Практична, таа овозможува разделување и осигурување на багажот.

Троен простор за складирање

Патниците одзади имаат секој посебна фиока за складирање. Како додаток, просторот за складирање на предмети кој се наоѓа позади шофершајбната, Ви овозможува да ги имате важните предмети на дофат истовремено багажот во вашата кола да биде уреден.

Мултимедија

Телефонирајте

Телефонирањето станува многу лесно! Со R-LINK Evolution вие зумирате и управувате со врвот на прстите како на вашиот смартфон. На застанувањето, можете на внесете број или пак да побарате некој во вашиот именик на екранот на допир. Возејќи, се активира препознавањето на гласот.

Управувајте

Со R-LINK, пронајдете ја поврзаната навигација TomTom и нејзините услуги LIVЕ! Со Tom Tom Traffic, вие ќе ги имате најновите информации за сообраќајот. Искористете ја исто така и картографијата на Европа патувајќи во Европската Унија.

Пристапете кон многу услуги

Олеснете си го животот! Користете ги веќе инсталираните апликации R-LINK Evolution: е-маил, R-LINK tweet, метео,Renault Помош.... Имајте пристап до целосниот каталог на R-LINK Продавница директно од вашиот Renault KANGOO или конектирајќи се на MYRenault.

Радио USB & Bluetooth

Благодарение на USB приклучокот и на функцијата Bluetooth, радиото на Renault KANGOO Ви овозможува да телефонирате со слободни раце, истовремено слушајќи музика.

Безбедност

Ретровизор за надгледување на деца

Практичен ретровизор за надгледување на задните седишта. Придвижен, можете да го прилагодите според вашите потреби.

Систем ISOFIX

Опремени со ситемот ISOFIX, задните седишта на Renault KANGOO можат да се додадат седиштата на вашите деца при што тие ќе бидат целосно безбедни.

Воздушни перничиња кои што можат да се исклучат

Благодарение на воздушните перничиња кои што можат да се исклучат, можете да сместите седиште за бебе до вас при што ќе биде целосно сигурно. Предупредувачкото светло на таблата со инструменти го потврдува активирањето на функцијата.

Пакет на воздушни перничиња

Renault KANGOO има 2 предни воздушни перничиња со програмирано воздржување, 2 странични воздушни перничиња и 2 предни/задни воздушни перничиња со завеса кои што ќе овозможат да се чувствувате заштитено.

Динамична контрола на траекторија (ESC)

Во случај на привремено губење на контролата, дејството на сопирачките врз една или повеќе гуми ќе Ви помогне да го исконтролирате вашето возило.

Помош за старт ап

Со Renault KANGOO секогаш ќе можете да тргнете, дури и на најстрмните ридови.

Прилагодување

Направете рамен простор

Спуштете ги седиштата со еден потег за да формирате рамен простор долг дури до 2.5 м. Во Renault Grand KANGOO, можете исто така да уживате во рамен простор кој што  се зголемува дури до 2.85м благодарение на предното седиште кое што исто така се спушта.

Иновативни кровни држачи

Трансформирајте ги вашите кровни држачи лесно, без употреба на алат.

Мулти-функционален простор за багаж

На високо ниво, на половина висина или на висина прилагодена на седиштата, просторот за багаж ви овозможува лесно и едноставно да го организирате вашиот багаж.

Renault KANGOO Limited

Проценете го неговиот дизајн

На Renault KANGOO Limited не му недостасува стил. Неговите бандажи Eptuis, неговите задни затемнети стакла, неговите црни сјајни ретровизори и неговите напречни греди, нудат еден дизајн кој што знае како да Ве освои. Во внатрешноста, неговиот кожен тапацир и неговиот централен потпирач за раце, Ве повикуваат да ги доживеете вашите патувања поинаку.

Искористете ја неговата прилагодливост

Елегантниот Renault KANGOO Limited се прилагодува на сите ваши потреби и Ве придружува на сите ваши патувања. Прилагодлив, со спуштање на патничките седишта само во еден потег, вие ќе уживате простор од 2.5м или пак 1-3/2-3 преклопена клупа на рамен под. Со Renault KANGOO Limited, ништо не може да Ве запре!

Возете опремени

Ќе имате можност да ги искусите најдобро комфортот и сигурноста: динамична контрола на траекторија (ESC), помош со моторот, старт-ап помош, регулатор-ограничувач на брзина, клима, радио Bluetooth со можност за USB приклучок...Renault KANGOO Limited има со што да ги задоволи вашите потреби и повеќе од тоа! Ќе имате можност да ги искусите најдобро комфортот и сигурноста: динамична контрола на траекторија (ESC), помош со моторот, старт-ап помош, регулатор-ограничувач на брзина, клима, радио Bluetooth со можност за USB приклучок... Renault KANGOO Limited има со што да ги задоволи вашите потреби и повеќе од тоа!

Renault KANGOO Extremе

Уникатен дизајн

Црни сјајни ретровизори, ексклузивни фелни 15’’ со црвени штрафови, преден штит, црни кровни држачи, хром… Renault KANGOO Extremе со извонреден изглед.

Оптимална удобност

Опремен со клима и со Bluetooth радио со можност за USB приклучок Ве повикува да уживате на оф роуд патеките.  

Авантуристички темперамент

Без употреба на алат, кровните држачи можат да се трансформираат во галерија, со помош на моторот Extended Grip со стартна помош и со динамична контрола на траекторија … Со Renault KANGOO Extremе, вие сте подготвени за истражување на нови хоризонти.

Renault KANGOO TPMR и Renault KANGOO Maxi TPMR

Renault KANGOO TPMR

Renault KANGOO TPMR овозможува превоз на лица со инвалидитет. Со рампа која што може да се пушти рачно или автоматски се олеснува влегувањето во автомобилот при што внатрешниот уред за тркалца овозможува совршено маневрирање со количката. Со преклопувачките седишта, местото за складирање, приклучоците со 12 волти и држачите за чаши, Renault KANGOO TPMR е практичен и удобен.

Renault KANGOO Maxi TPMR

Renault KANGOO Maxi TPMRERGORAMP® се нуди во една верзија и на едно ниво. Силен од искуството на Renault Tech трансформацијата е дискретна, а придобивката е иновативна и самостојна рампа. Управувањето со рампата е лесно и нема потреба од никаква сила. Преклопен, нуди рамна подлога за оптимална прилагодливост.

Цени и спецификации


Дали сте подготвени да ве заведе KANGOO?